за

Камион за собирање отпад во чекор го следи комуналниот работник

Технологијата за автономно возење ветува бројни подобрувања, некои од нив се покажуваат мошне корисни во градското секојдневие.

Камион за собирање отпад во чекор го следи комуналниот работник

Fuso, јапонската марка камиони што е дел од концернот Daimler, прикажа концепт на камион што самостојно го следи работникот додека тој го собира отпадот. Секако дека камионот се движи на струја.

Марката камиони Fuso, во рамките на саемот на иновации, во своето седиште во јапонскиот Кавасаки го прикажа концептот на камион eCanter SensorCollect. Станува збор за камион со надградба за комунален отпад, изработен врз основа на електричниот Fuso eCanter. Работникот далечински управува со камионот преку HMI-интерфејс (Human Machine Interface).

Техниката се состои од лидар, ултразвучни сензори и високопрецизна сателитска навигација. Со помош на оваа техника, eCanter SensorCollect го следи работникот, но и самостојно ги заобиколува пречките и запира веднаш штом во близина на камионот ќе се регистрира човек или некој предмет. Целта е да се зголеми ефикасноста во собирањето отпад.

На саемот, патем, беа прикажани повеќе од 100 иновации, од јапонски и странски компании. Од електричиот FUSO eCanter моментно се испорачани 160 примероци, што се користат во секојдневието во Јапонија, Европа и САД. Од европските држави, eCanter вози во Германија, Велика Британија, Франција, Португалија, Ирска, Холандија и Данска, односно вкупно единаесет европски метрополи.

Автопилотирано возење на дело во комунална служба

Концептниот камион Fuso eCanter SensorCollect го следи работникот додека собира отпад и сам запира, поаѓа и се грижи за безбедност во случај на патот да се најде друг човек освен операторот или некој предмет.

Posted by Automedia.mk on Thursday, August 13, 2020

>>> Електричен камион доставува боци со плин во Лондон

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bentley Bentayga Speed со мотор W12 само надвор од Европа

Bentley Bentayga Speed со мотор W12 само надвор од Европа

Новиот Seat Leon стартува од 19.500 евра

Новиот Seat Leon стартува од 19.500 евра