за

Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley, не Aston Martin

Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley
Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley

Новото продолжение на филмскиот серијал за најпознатиот таен агент во светот, „No Time to Die“ се очекува кон крајот на годината. Како и обично, Џејмс Бонд ќе вози Aston Martin. Но, во оригиналните романи на Јан Флеминг, агентот најчесто вози Bentley.

Бркотници, тепачки и пукотници. Тоа прави филмскиот серијал за тајниот агент 007 да биде меѓу најгледаните и секое продолжение да се очекува со нетрпение. Во центарот на збиднувањата секогаш е еден лик, кој е отпорен на сé. Бонд, Џејмс Бонд. Кога тајниот агент со дозвола за убивање поаѓа во нова мисија, тој секогаш има на располагање возила што се посебни. Tоа најчесто се возила од британската марка Aston Martin.

Но, прочуениот Aston Martin DB5 по случајност стана бондовски автомобил. До романот „Голдфиндер“ на Јан Флеминг, кој е објавен во 1959 година, тајниот агент најчесто вози Bentley. За да го посети Голдфингер, Бонд добива на располагање Aston Martin DB Mark III и Jaguar 3.4. Агентот го избира Aston Martin, поради тоа што во возилото се вградени корисни додатоци: Засилени браници, револвер под возачкото седиште и радио приемник.

При подготовката за снимањето на филмот, којшто беше пуштен во 1964 година, продуцентите решаваат да го седнат Џејмс Бонд во поспортски автомобил. Копродуцентот Хери Салцман во есента во 1963 година го посетува Aston Martin, за да договори соработка. Производителот на автомобили во почетокот не ја согледува маркетиншката придобивка од оваа понуда и на Салцман му нуди да го купи DB5, наследникот на Mark III, по цена од тогашни 4.500 британски фунти.

aston martin db5 nova serija

По неколку преговарачки обиди, продуцентот конечно го убедува производителот, возилото да биде ставено на располагање бесплатно. Aston Martin испорачува два примероци од DB5, дополнително „опремено“ со митралез, променлива регистерска таблица и заштитен штит назад. Откако филмот постигна одличен успех, Британците испорачаа уште два примероци од прочуениот модел, заради маркетиншки цели.

Од 590 возила во 1964 година, ланската продукција на Aston Martin достигна 5.810 примероци

Во новото продолжение „No Time to Die“, најавено за ноември 2020, се појавуваат четири автомобили: DBS Superleggera со истите ознаки како во „The Living Daylights“, хиперспортскиот Valhalla со своите 1.000 КС, актуелниот V8 Vantage и веќе неизоставниот DB5. Филмскиот примерок е еден од десетте реплики што беа изработени неодамна.

Во посета на возниот парк на Џејмс Бонд во Лондон

Само за милијардерски очи: Aston Martin DB5 за хоби-шпиуни

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi A8 извозе рекорд низ САД среде хаосот од корона

Audi A8 извозе рекорд низ САД среде хаосот од корона

audi tt bimoto mtm tuning

Audi TT Bimoto пред дваесет години возеше со 1000 КС