Volkswagen за малку во плус со продажбата во јули

Volkswagen за малку во плус со продажбата во јули

Концернот Volkswagen во јули продаде незначително помал број возила отколку во истиот месец лани. Растечкиот тренд во продажбата им влева оптимизам на шефовите во Волфсбург.

Во минатиот месец, испораките на возила од сите марки на концернот Volkswagen достигнале 885.700 примероци. Тоа е само 0,2 процент под нивото на продажба во ланскиот јули. Не е изненадување тоа што пазарот бележи најголем раст токму на најголемиот пазар за автомобили во светот, во Кина. Таму, продажбите пораснаа за 4,8 проценти, што веќе укажува на солиден растечки тренд. Во Западна Европа, пазарот уште заостанува 1,9 процент зад резултатот во јули во 2019 година. Продажбата во Северна и Јужна Америка закрепнува забавено.

Менаџерите во Волфсбург претходно предвидуваа дека продажбата во јули ќе биде за десетина проценти под истиот месец лани, откако пазарот во јуни беше намален за една петина во споредба со јуни во 2019 година. Продажбата сепак се одвиваше подобро и концернот имаше само минимален заостаток во јули.

Вкупната продажба од почетокот на годината сепак е далеку под ланскиот резултат. Последиците од корона-пандемијата ја намалија продажбата на концернот за 23,6 проценти, на вкупно 4,78 милиони возила.

Audi, Skoda и Porsche постигнаа значително зголемување на продажбата во јули, додека кај матичната марка Volkswagen продажбата заостана за 1,1 процент. Шпанската марка Seat уште е во минус, исто како и продажбата на товарните возила.

Кои автомобилски марки се најпогодени, а кои најпоштедени од корона-кризата?

Претходна објаваGreat Wall Motors одбележува 30 години на автомобилската сцена
Следна објаваТрамп попушти за царините за увоз на европски автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here