Трамп повеќе не ги спомнува казнените царини за премиум автомобилите што пристигаат од ЕУ. Тоа се должи на неколкуте трговски договори со коишто се намалуваат царинските стапки на одредени производи од САД. Поради следните производи, автомобилите на европските производители ќе ја задржат продажбата на важниот пазар од другата страна на океанот.
Први знаци на разлабавување на тензиите во трговскиот спор меѓу САД и ЕУ. Двете страни соопштија за постигнатите царински олеснувања. Со спогодбата се предвидува, американските компании ретроградно од 1-ви август се ослободуваат од плаќање царина за жив и замрзнат јастог. Во 2017 година, ЕУ увезла од САД јастог во вкупна вредност од 111 милиони долари, односно 94 милиони евра.
Вашингтон подолго време бараше да се укине царинaта за јастог. Американскиот претседател Трамп уште во почетокот на јуни се пожали за високите царини. Тој се закани дека ќе воведе казнени царини за увозот на автомобили од ЕУ. Со актуелната спогодба, тоа нема да се случи во следните пет години.
За возврат, компаниите од ЕУ, ретроградно од 1-ви август, се ослободуваат од 50% од царините за запалки за цигари, одредени готови јадења и барут. Станува збор за производи со просечна годишна трговска вредност во висина од 160 милиони долари (136 милиони евра).
Затегнатоста во трговскиот спор попушти во минатата седмица, откако Вашингтон ненадејно се откажа од можно зголемување на увозните царини. Од 1-ви септември се зголемува единствено царината за мармалад од Германија и Франција, на 25 проценти. наспроти тоа, отпаѓа дополнителната царина за грчко фета сирење и за кекс од Велика Британија.
Претходно се предлагаше царина до 100% за производи како пиво, чоколада, маслинки и џин, поради субвенциите на ЕУ за производителот на авиони Airbus.