Градоначалникот на градот Хирт во германската покраина Северна Рајна -Вествалија ќе се вози во Toyota што користи водород како погонско гориво. Во тамошниот возен парк уште од претходно се користат возила со водороден погон, трите нови примероци од Toyota Mirai го збогатуваат возниот парк.
Главната предност на погонот на водород, што Toyota го промовира сé помасовно, е во тоа што возилото нема потреба со часови да стои на полнач, за да ја наполни батеријата. Место масивна и скапа батерија, Mirai има резервоари во коишто се наоѓаат неколку килограми чист водород под висок притисок.
Toyota Mirai, по полнењето на резервоарите што трае само неколку минути, исто колку полнење обилно гориво, вози до 500 километри до следното полнење. Единственото што излегува од погонот е мала количина чиста водена пареа. Хемиски процес во горивната ќелија го претвора водородот во електрична енергија, со којашто се напојува погонскиот електромотор.
Градот Хирт е посебен, затоа што властите уште во 2011 година презедоа пионерска улога и почнаа со користење на водород во возилата. Во меѓувреме, Градот напредуваше толку што од следната година сите автобуси во јавниот превоз ќе бидат префрлени на погон со водород.
Постои причина зошто Хирт толку рано се ориентираше на водородот. Во неговите индустриски погони се добива водород како отпаден производ. Затоа и трите Toyota Mirai ќе може да се користат независно од достапноста на ова егзотично „погонско гориво“. Секако дека главниот недостаток е во (речиси) непостоечката мрежа од станици за полнење водород. Во цел свет одвај постојат неколку стотини такви станици.
>>> Шоферска служба минала 5.000.000 km со водородни Toyota Mirai

















