за

Škoda избра нова маркетинг агенција, првиот проект е гигантски

Агенцијата Schachzug, на германски „шаховски потег“, отсега е задолжена за креативната замисла и начинот на комуницирање при светските премиери, салонските настапи и меѓународните настани за медиуми на марката Škoda.

Škoda маркегтинг агенција Schachzug

На изборот на „Шахцуг“ (шаховски потег) претходеше меѓународен тендер, на којшто беше избрана креативната агенција од германскиот град Ерланген. Почетокот на соработката меѓу Шахцуг и чешката марка со долга историја ќе го одбележи светската премиера на Škoda Enyaq iV.

Важниот настан ќе се одржи на 1-ви септември (следниот вторник) во О2-Универзумот во Прага. Skoda на овој настан ќе го одбележи и своето 125-годишно постоење. Како компанија што се вбројува меѓу најстарите активни производители на автомобили, Skoda на јубилеј-премиерата ќе потсети на своите корени, ќе ги прикаже најголемите достигнувања и ќе ја најави електричната иднина.

Настанот е организиран како „полн хибрид“. Тоа значи дека покрај „конвенционалниот“ дел од настанот, во форма на класичен настан со гости, ќе постои и „електричен“ виртуелен дел. Гостите на онлајн-настанот ќе се пречекуваат на дигитална локација, ќе учествуваат на настанот во живо и на крајот ќе добијат комплетен преглед на историјата и сегашноста на Skoda.

Големата премиера во Прага е прв јавен настан што Шахцуг го организира по завршувањето на карантинот.

>>> Електричната Škoda Enyaq воведува нов дизајн на светлата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW тестира Серија 8 со средишен мотор

BMW тестира Серија 8 со средишен мотор?

toyota mirai водород Хирт град

Градоначалникот на водород, автобусите на водород – во германски Хирт