за

BMW тестира Серија 8 со средишен мотор?

Кога производителите тестираат нови модели, на шпионските фотографии обично се распознава за која марка и за кој модел станува збор. Различно е со овој BMW што деновиве се појавува на сцената. Оддалеку личи како варијанта на купето од Серијата 8, можеби М8, но не е тоа.

BMW тестира Серија 8 со средишен мотор

Вистинската забуна следи откако ќе се забележи дека зад средните столбови на големиот BMW се вградени црни панели. На местото каде што кај стандардното купе се наоѓаат задните прозорци, тука има отвори за воздух. Очигледно постои нешто назад што има голема потреба од воздух. Задното стакло исто така е различно, односно и на неговото место е вграден панел со ламели за ладење.

Секако дека „тоа“ што има огромна потреба од воздух за ладење назад, не може да биде друго освен мотор. Овој прототип на Серијата 8 очигледно има средишно вграден мотор. На сликите се забележуваат и џиновски сопирачки дискови, како и четири издувни цевки. Навираат безброј прашања и претпоставки, од тоа дека на сликите е модифициран M8, до убедување дека станува збор за нешто навистина посебно.

Доколку навистина се работи за BMW со средишно вграден мотор, тогаш автомобилот сликан при тестирање на тркачка патека е „муле“. Така се нарекуваат прототипите што користат каросерија од постоечки модели, но под неа работи сосем различна техника.

BMW всушност навести дека планира таков модел, преку Vision M Next. Концептниот автомобил располага со моќност од 600 КС, што заеднички ја постигнуваат двата електромотори на оските, а на тоа се надоврзува малечок четирицилиндарец што е вграден средишно. Сето тоа укажува на едно: Минхен го подготвува наследникот на i8, но овојпат интерпретацијата ќе биде многу поверна на оригиналниот М1.

>>> Студија на BMW ги брои откучувањата на срцето на возачот

BMW Vision M Next

BMW Vision M Nexthttps://youtu.be/8cKLOlExtTg?list=PLEm1uiWrdaU7qtBALM7caEq10BhrdZifK

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-со-лимузинска-услуга-во-три-кинески-мегалополиси

Mercedes со премиум шоферски превоз во три кинески мегалополиси

Škoda маркегтинг агенција Schachzug

Škoda избра нова маркетинг агенција, првиот проект е гигантски