Mercedes со премиум шоферски превоз во три кинески мегалополиси

Mercedes-со-лимузинска-услуга-во-три-кинески-мегалополиси

Не е само до лимузините од Mercedes, туку и до возачите, кои минуваат посебна шоферска обука, па дури познаваат и одбранбени техники. StarRides напредува со темпо од 80%, тоа е стапката со којашто бизнисот расте на месечно ниво.

Откако пред девет месеци првпат ја воведе услугата во градовите Хангџоу и Гуангџоу, Mercedes стартува во уште една кинеска метропола, во градот Ченгду. Услугата се води под името StarRides и претставува заедничка инвестиција на Daimler Mobility AG и на групацијата Geely Technology, посестринска компанија на холдингот Zhejiang Geely Holding Group, кусо Geely.

Бизнисот воведен во декември лани во меѓувреме расте за 80 проценти – во просек секој месец по толку! Корисници се главно бизнисмени што патуваат до и од аеродром или железничка станица. За почеток, StarRides ќе пушти 100 возила во Ченгду, со план нивниот број до завршетокот на годинава да се зголеми на 200 возила.

StarRides е прво стратешко партнерство меѓу Geely и Daimler. Двете моќни компании се развиваат во насока на глобален концерн за секакви услуги од подрачјето на мобилноста.

Корисниците на StarRides однапред договараат термин и избираат од широка палета на шоферски услуги, дури можат да договорат и конкретен возач. Изборот на возачите се води според најстроги критериуми и вклучува здравствена проверка, досие, обука за обезбедување, врвна возачка обука и генерално обука од страна на врвни експерти. Возачите говорат и англиски. Резервацијата е преку апликација, преку мини-програма на WeChatили преку официјалниот вебсајт www.starrides.com.

https://www.instagram.com/p/CC-agw3BVwl/

https://www.instagram.com/p/CCsXDimhXWF/

>>> Шоферска служба минала 5.000.000 km со водородни Toyota Mirai

Претходна објаваЕлектричен рекордер: Volkswagen ID.3 без пауза од Цвикау до Швајцарија
Следна објаваBMW тестира Серија 8 со средишен мотор?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here