Електричен рекордер: Volkswagen ID.3 без пауза од Цвикау до Швајцарија

VOLKSWAGEN id.3 рекорд швајцарија

Моделот од чијшто пазарен старт се очекува да смени многу во електромобилноста, веќе докажува дека целосно е способен за тоа. Volkswagen ID.3 со полна батерија извозе 531 километри од Цвикау до Шафхаузен, во Швајцарија. Фабриката официјално тврди дека досегот со едно полнење изнесува 420 километри, според новата реална норма WLTP. Вистинскиот досег, не само што ја потврди оваа вредност, туку и ја надмина за повеќе од 100 километри. Конкретно, досегот што го ветува фабриката е надминат за 26 проценти, за повеќе од една четвртина.

Возилото е комплетно во сериска состојба. Станува збор за моделска верзија ID.3 1st Pro Performance со абтерија од 58 kWh. Во Цвикау е фабриката во којашто се произведува „електричниот голф“, а тоа е воедно и првата фабрика на водечки светски производител во којашто ќе се произведуваат само електрични автомобили.

Рутата до Швајцарија водеше по нормални патишта и по автопати, а истата вклучуваше и минување низ две градски подрачја, низ Улм и Бајројт. Возачот на рекордерскиот автомобил е Швајцарецецот Феликс Еголф, инаку светски признаен „хајпермајлер“.

Автомобилот како да е излеан од едно парче, компактен е, но пак е просторен, има кул, речиси футуристички дизајн и не му создава отпор на воздухот“, оцени Еголф по пристигањето во Шафхаузен. Возењето сепак беше во различни услови од секојдневието, но резултатите ја докажуваат неограничената применливост на електричниот ID.3.

https://photos.app.goo.gl/X58FUwUPWw51TZrT7

Феликс Еголф се користеше и со „трикови“. Искусниот и докажан штедливец неколкупати практикуваше да вози во „сенка“ зад камиони. Во возилото патуваше и камерман со техничка опрема, што значи дека електричниот Volkswagen беше оптоварен со 250 килограми. Навигацијата, дневните светла, радиото и климата беа вклучени трајно. Потрошуваката на струја на рутата беше 10,9 kWh/100 km. Според фабриката, потрошувачката е 14,5 до 15,4 kWh/100 km.

Просечната брзина изнесуваше 56 километри на час. За целото растојание, на Еголф му беа потребни околу девет часа.

https://youtu.be/P2WvpUmZTM4

>>> Тест · Volkswagen Passat GTE: Примерниот играч што стана револуционер

Претходна објаваAudi A8 LMS победува на трки со „волан на жица“
Следна објаваMercedes со премиум шоферски превоз во три кинески мегалополиси

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here