Фабричкиот возач на Audi, Маркус Винкелхок, постигна важна победа со Audi R8 LMS на трката во Лаузицринг, со волан што место класична механичка врска има само електронска врска со тркалата.
Маркус Винкелхок на трката во Лаузицринг ја постигна својата прва победа зад воланот на Audi R8 LMS, што не користи класична механичка врска со тркалата. Покрај Audi Sport, уште два тимови во тркачката серија GTC Race исто така користат систем што го заменува класичниот управувачки столб. Место по механички пат, вртењето на воланот се пренесува по електронски пат до електромоторот и до преносниот механизам што соодветно ја поместува запчестата летва.
Системот Drive-by-Wire досега се користеше најчесто кај возилата на инвалидизирани лица, а истиот се цени како една од клучните технологии за идните автопилотирани возила. Од минатата година, функционалноста и доверливоста на системот се проверува во најтешките можни услови, во мотоспортот. Овој „волан на жица“ воедно докажува дека работи прецизно и најдиректно при крајни оптоварувања.
Тимот на Феникс Рејсинг ја користи оваа технологија на добавувачот Schaeffler и ја рекламира на своите возила. Винкелхок претходно го освои третото место на Goodyear 60, заедно со приватната возачка Кери Шрајнер. На квалификациите за првата трка во спринт, во којашто учествуваат сите возачи посебно, Маркус го обезбеди првото место, со три десетинки предност.
https://photos.app.goo.gl/4xVLspWfaZGLg9ia9
Четириесетгодиниот професионалец победи на 30-минутниот спринт со 148 илјадинки пред пилотот на Mercedes, Максимилијан Гец, и пред третопласираниот Дејвид Јан, возач на Porsche. Сите тројца возачи на пиедесталот користат систем Drive-by-Wire во своите тркачки болиди.
Audi R8 LMS GT3 лани во јуни стана прв автомобил во историјата, без механичка врска меѓу воланот и преносниот механизам, хомологиран од германската федерација за мотоспорт.
















