Новата каросериска изведба на Q5 е трет Sportback во понудата на Audi, по компактниот Q3 Sportback и по фамозниот Q8, кој по правило исто така е купе-изведба на Q7. Инголштат има долга традиција со ова моделско име, автомобилите им се допаѓаат на купувачите.
Проширување во гамата на баварскиот производител. Да, Инголштат исто така е во Баварија. Врз основа на Audi Q5 произлезе неговата купе-изведба со додаток Sportback. Како и вообичаено, стилистите на Audi направија Q5 Sportback да изгледа уште поблагородно и подинамично од Audi Q5. Тоа придонесуваат промени и во останатите подрачја, разликата не е „само“ во завршетокот на покривот.
Audi Q5 Sportback e седум милиметри подолг од стандардниот Q5. При меѓуоскино растојание од 2,82 метри може да се очекува изобилство од простор, а притоа и задната клупа лизга надолжно. Багажникот стандардно нуди зафатнина од 510 литри, односно 1.480 литри со соборена клупа.
Три видови подвозје: Стандардно со спортски нагласок, со припособливи амортизери или пневматска суспензија
Во подвозјето е ставено повеќе нагласок на спортскиот карактер, но притоа не е сменето растојанието од подлогата. Како опција може да се избере обично подвозје со приспособливи амортизери или пневматско подвозје.
https://photos.app.goo.gl/ytBbKKEbpu7Y5zbQA
Има и повеќе опрема во купе-изведбата. Audi Q5 Sportback стандардно добива некои ставки за кои инаку треба да се доплати. Место со тркала од 17 инчи, новото купе-СУВ од почетокот на следната година ќе почне да пристига во салоните со тркала од 18 инчи. Мултифункцискиот волан со дополнителен обем исто така е дел од сериската опрема.
Понудата од мотори се презема комплетно од Q5. Две верзии работат со приклучен хибриден погон и со моќност од 299, односно 367 КС. Со полна батерија, овие изведби можат да минат само на струја до 50 километри, пред да се придружи моторот. Почетокот на понудата од дизели го прави дволитарски мотор, во изведби со 163 КС и со преден погон, како и со 204 КС и со погон quattro. Врвот кај дизелите му припаѓа на V6 со 286 КС.
https://photos.app.goo.gl/oN5R16pZjcuRtYZq8
Кај бензинците може да се избира меѓу дволитарски TFSI со 204 или 265 КС. Спортската изведба SQ5 на европскиот пазар ќе се нуди со V6 TDI со моќност намалена на 341 КС (претходно 347 КС), додека на американските и азиските пазари ќе стои на располагање шестцилиндарски бензинец. За RS-варијантата нема конкретни податоци или најави, но постојат гласини дека спортскиот огранок на Audi работи на спортските модели.
Две различни изведби на погонот quattro, зависно од моторот
Вртежниот момент кај моделите со четирицилиндарски мотор се пренесува до тркалата преку штедливата погонска варијанта Quattro Ultra со вклучување на задната оска – со исклучок на дизелот со 163 КС. Верзиите на Audi Q5 Sportback со шестцилиндарец користат класична варијанта на постојан погон на сите тркала Quattro.
https://photos.app.goo.gl/SikD1Q1UQA12nheQ7
Моторите со четири цилиндри работат како благ хибрид, со стартер-генератор и 12-волтна мрежа, додека шестцилиндарските мотори имаат 48-волтна мрежа. Разлики има и во менувачите. Четирицилиндарците се комбинирани со 7-степен менувач со двојна спојка, за разлика од шестцилиндарците, кои имаат класичен автоматски менувач Tiptronic со 8 степени.
Во средишната конзола се наоѓа „команден центар“ од 10,1 инчи, со асистенција од Google Alexa. Навигацијата е попрецизна и покажува кога има застој на одредена лента, а подобро ги разбира и командите. Постои можност одредени функции да се вчитаат во возилото отпосле, преку апликацијата My Audi. Доколку постојат технички услови, Audi Q5 Sportback користи интелигенција на толпа и го предупредува возачот за незгоди на патот, застој веднаш зад свијок и за опасности, како што се магла или голомразица.
Audi му помага на возачот и при барање паркинг, со информации за слободни места, а воедно информира и за ограничувања, на пример кога паркингот е наменет само за жителите.
>>> Бензински V8 се враќа во спортските СУВ-знаменосци на Audi

















