за

Томи Макинен стана советник за мотоспорт на Toyota

Toyota го постави легендарниот рели-возач Томи Макинен за советник за мотоспорт. Негова задача ќе биде да придонесува за јапонскиот производител да создава уште подобри автомобили.

Томи Макинен стана советник за мотоспорт на Toyota

Главната заслуга за поставувањето на Томи Макинен на важната позиција во Toyota е успешното враќање на компанијата во светското рели во 2017 година и постојаниот напредок оттогаш. Финецот со својот Tommi Mäkinen Racing Oy придонел Toyota да развие конкурентни рели автомобили, исто како и да се состави тимот Toyota Gazoo Racing World Rally Team.

Уште во втората година по камбекот, Toyota ја освои титулата на светски шампион во рели во конкуренција на производители, за лани триумфот да се заокружи со освојување на титулите во конкуренција на возачи и совозачи.

Задача на Томи Макинен ќе биде да даде придонес и во останатите гранки во мотоспортот, вклучувајќи и развој на сериски модели под знакот на GR (од Gazoo Racing). Летечкиот Финец ќе учествува и во градењето на кариерите на новите возачки таленти. Макинен ќе влијае врз организирањето и поставувањето на активностите на Toyota во мотоспортот.

По овие промени, со проектот во светското рели што досега го организираше Tommi Mäkinen Racing Oy и истиот се водеше како Toyota Gazoo Racing WRT, отсега директно ќе раководи Toyota. Од јануари 2021 година, активностите во рели ќе ги менаџира Toyota Gazoo Racing Europe GmbH во Келн, како традиционален центар за мотоспорт на Toyota во Европа.

Се радуваме што се реализираше планот, Toyota да ги преземе рели-активностите што заеднички ги изградивме. Среќен сум од тоа што Toyota им обезбеди сигурен дом на нашите експерти и иднина како Toyota Gazoo Racing World Rally Team.

Томи Макинен

Томи Макинен првпат возеше рели во 1985 година. Во својата кариера, тој има постигнато 24 победи во светското рели. Финецот стана фабрички возач на Mitsubishi во 1995 година и во периодот од 1996 до 1999 година во низа ги освојуваше светското рели-првенство. По преоѓањето во Subaru во 2002 година, тој продолжи да се натпреварува за највисоките места во релито.

>>> На Toyota ѝ успеа хет-трик на 24 часа Леман

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen ID.4

Volkswagen почна со резервации за електричниот ID.4

Airbus најавува авиони со погон на водород за 2035 година

Airbus најавува авиони со погон на водород за 2035 година