Mercedes прикажа концепт на камион со водороден погон

Mercedes GenH2, Mercedes eActros

Заедно со камионот GenH2, Daimler го претстави и „батерискиот“ eActros Long Haul со досег од околу 500 километри, со сериски старт планиран за 2024 година. Иновацискиот бум го заокружи уште една изведба на eActros, но со помала батерија, а со тоа и подостапна, којашто ќе стартува со испорака веќе в година.

Историски важен настан денес во Берлин. Daimler Trucks ги најави своите идни камиони со електричен погон, од кои два се батериски, а еден е „водороден“. Главното внимание секако дека го привлече Mercedes-Benz GenH2 Truck, кој денес ја имаше својста светска премиера како концептно возило. Концернот од Штутгарт првпат го прикажа степенот на развој на моментно најнапредната погонска технологија – погонот со горивни ќелии, односно со погон на водород.

GenH2 надминува 1.000 километри досег и планот е прототипи од идниот модел да стартуваат со тестирање кај избрани клиенти во 2023 година. Воведувањето во сериско производство би следело по 2025 година. Daimler користи течен, место гасовиден водород, што овозможува камионот да постигне досег сличен со дизел.

https://photos.app.goo.gl/D56wYSGZgLre3hbC6

Daimler Trucks првпат го прикажа и „батерискиот“ Mercedes-Benz eActros LongHaul, со план за сериски старт во 2024 година. Со полна батерија, досегот изнесува околу 500 километри. Веќе в година стартува испораката на Mercedes-Benz eActros, што ја имаше својата премиера како прототип уште во 2018 година и оттогаш се наоѓа во тестирање во секојдневни услови кај избрани клиенти. Според најавите, досегот на серискиот модел ќе има подолг досег од 200-те километри на прототипите.

До 2022 година, Daimler Trucks ќе нуди сериски возила со батериски погон во Европа, САД и Јапонија. Планот е до 2039 година, на овие три клучни пазари да се нудат единствено камиони што не испуштаат СО2.

Новата платформа се води под името и претставува основа за идните батериски и водородни електрични камиони. Камионите што црпат енергија од батерија ќе се користат за полесен товар и покуси релации, додека за потежок товар и подолги релации ќе се нудат камиони со водороден погон.

https://photos.app.goo.gl/By6CYYYjqGvGsZ6H7

Новата ѕвезда во камионската понуда на Mercedes нуди носивост од 25 тони, при вкупна тежина од 40 тони. Тоа е исто како камион со дизел мотор. Daimler Truck AG во април потпиша договор за заеднична инвестиција со Volvo Group, што има за цел да го забрза и поттикне натамошниот развој на водородниот подон. Тоа ќе се постигне со намалените трошоци преку партнерството на двете компании.

https://photos.app.goo.gl/8QXREjPwmbTnPD4p7

Во двата резервоари од благороден челик собира вкупно 80 килограми водород што е изладен на -253 степени Целзиусови. Резевоарот се состои од две цевки што се поставени една во друга и вакуумски се изолирани. Сериската изведба на GenH2 ќе располага со два модули од горивни ќелии со моќност од по 150 киловати. Во системот на Daimler се користи и обична батерија, чијашто енергија служи само за помош на водородниот погон во одредени случаи, како на пример возење по нагорнина. Двата електромотори постигнуваат трајна моќност од 2 х 230 kW, односно краткотрајно 2 x 330 kW. Вртежниот момент изнесува 2 x 1577 Nm, односно 2 x 2071 Nm.

>>> Камион Mercedes oд 25 тони вози на струја низ Лајпцих

Претходна објаваKia најави седум електрични модели до 2027 година
Следна објаваOpel ќе отпушти 2.100 вработени во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here