за

Kia најави седум електрични модели до 2027 година

Kia Motors работи забрзано на преоѓањето во ерата на електромобилноста и цели да стане водечки бренд во погонот на струја.

Kia најави седум електрични модели до 2027 година

Kia ја откри првата фаза од планот за иднината – седум нови модели со целосно електричен погон, од речиси сите пазарни сегменти, ќе се лансираат до 2027 година. Првиот модел од новата електро-генерација го носи развојниот код CV и ќе биде претставен веќе в година. Овој модел ќе го прикаже и новиот дизајнерски правец, се претпоставува дека станува збор за сериска изведба на концептот Imagine by Kia.

Корпорацијата Kia Motors сподели дел од својата деловна стратегија за електрични возила (EV) за глобалниот пазар, откривајќи ги скиците на неколку од овие BEV-модели (Battery Electric Vehicle, батериски електирчни возила). Деталите за следниот EVмодел на Kia ги објави претседателот и извршниот директор, Хо Сунг Сонг.

Kia има цел да стане лидер на глобалниот пазар за електрични автомобили, со тоа што за краток период ќе понуди повеќе вакви модели. Брендот ќе лансира разновиден спектар на BEV модели, а овој план ќе биде поддржан од глобално присутни оператори со мрежи од полначи за струја за електрични возила.

„Kia продаде повеќе од 100.000 BEV автомобили ширум светот од воведувањето на нашиот прв модел во 2011 година – Kia Ray EV“, вели извршниот директор Сонг. „Оттогаш, започнавме да воведуваме низа нови модели за глобалните пазари и најавувавме дека постепено ќе го забрзуваме овој процес низ годините. Со ваквата посветеност кон електрификацијата, имаме цел ваквиот тип на возила да учествуваат со 25% во нашата продажба на светскиот пазар до 2029 година“.

Kia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег
Kia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег

Според стратегијата Plan S, објавена на почетокот на 2020 година, брендот планира да ја прошири својата понуда на 11 чисто електрични модели до 2025 година. Во истиот период, Kia има за цел BEV автомобилите да сочинуваат 20% од вкупната продажба на возила на напредните пазари како Кореја, Северна Америка и Европа. Седумте модели претставени денес на оваа скица, ќе бидат лансирани до 2027 година.

Првиот од овие BEV изведби, со кодно име CV, ќе биде откриен во 2021 година, а истиот ќе биде наменет за многу региони на глобално ниво. Новиот модел ќе го понуди истиот конкурентен квалитет и привлечниот дизајн како другите возила на Kia, со одлични карактеристики за возење и напредни можности за полнење.

>>> Kia Sorento ќе доаѓа со кабел за струја

Kia Sorento приклучен хибриден погон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бројот на возила во Белгија намален првпат по 75 години

Бројот на возила во Белгија намален првпат по 75 години

Mercedes GenH2, Mercedes eActros

Mercedes прикажа концепт на камион со водороден погон