за

Бројот на возила во Белгија намален првпат по 75 години

Најновата статистика од Белгија покажува намалување на вкупниот број на автомобили по патиштата во земјата, што е првпат по 75 години. Вистина, намалувањето е минимално.

Бројот на возила во Белгија намален првпат по 75 години

Белгискиот завод за статистика изброил дека на 1-ви август годинава, во земјата имало вкупно 5.888.589 регистрирано патнички автомобили. Пред една година, возниот парк броел 5.889.210 автомобили. Во апсолуитни рамки, станува збор за минимално намалување од само 0,01 процент.

Тоа можеби изгледа безначајно на прв поглед, но при подетална анализа се покажува дека разлиакта е многу подрастична. Во последните десет години, возниот парк во Белгија секоја година се зголемувал во просек по 1,27 процент. Од втората светска војна, бројот на патнички автомобили досега се нема намалено.

Иако автомобилите со дизел мотор учествуваат со многу висок удел во вкупниот возен парк, бројот на дизел автомбоилите се смалил за 6 проценти во споредба со лани. На 1-ви август годинава, во земјата сепак имало регистрирано 2.815.755 дизели. Со удел од 47,8 проценти, нивната бројност е незначително помала во споредба со автомобилите со бензински мотор (48,3 проценти). Од сите автомобили што сообраќаат по белгиските патишта, само 0,4 процент се целосно електрични.

Белгија брои 11,46 милиони население (2019 година). Соодносот меѓу бројот на возила и жители е приближно еден автомобил на секои два жители.

>>> Во Европа постојат 298 автомобилски фабрики

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Како работат светлата што сами се палат и гасат

Како работат светлата што сами се палат и гасат

Kia најави седум електрични модели до 2027 година

Kia најави седум електрични модели до 2027 година