Електричниот камион од 25 тони се користи за испорака на палетирани пратки, кои се преголеми и претешки за достава како пакети. Mercede eActros се користи во центарот на германскиот град Лајпцих.
Покрај можниот досег од 200 километри, не е проблем да се совлада рутата од 100 километри што електро-камионот ја минува во секојдневието. Полнењето се врши на станицата во депото на DB Schenker во северниот дел од градот. Компанијата подолго од една година го користи помалиот Fuso eCanter, кој исто така е производ на концернот Daimler. Петте eCanter возат во Берлин, Франкфурт, Штутгарт и Париз.
Втората фаза од тестирањата на eActros стартуваше месецов. Возилата се испорачани на избрани клиенти во Холандија, Германија и Белгија. Големиот камион на струја се тестира уште од 2018 година и корисниците досега искажаа само задоволство од чистиот погон со бројни други предности. На камионите се поставени најразлични надградби, од ладилник до сува комора.
DB Schenker располага со возен парк од преку 30.000 возила во светски рамки и тежнее да стане лидер во т.н. зелена логистика.
Mercedes eActros користи бројни делови од класичниот Actros, кој е развиен имајќи предвид и варијанта со електричен погон. Погонот го сочинуваат два електромотори вградени покрај тркалата на задната оска, со моќност од по 126 kW (171 КС) и со вртежен момент од по 485 Nm по електромотор. Зависно од преносот, до самите тркала доспева вртежен момент од 11.000 Nm по електромотор. Тоа е споредливо со камион со обичен погон. Батерија со 240 kWh ја испорачлува енергијата. При користење брз полнач со еднонасочна струја (150 kW), полнењето може да заврши и за само два часа.
Во развојот на камионот учествуваат германските министерства за животна средина и за стопанско и енергија.