за

Tesla ќе ја изработува каросеријата на Model Y од едно парче

Калифорнискиот производител на електрични автомобили Tesla ќе користи нова машина за леење под притисок, со цел каросеријата на Model Y да ја изработува од едно парче. На тој начин значително ќе се поевтини изработката и ќе се зголеми продуктивноста.

Tesla Model Y стартува со испорака веќе во март
Tesla Model Y стартува со испорака веќе во март

Tesla во своите фабрики ќе користи нова машина за леење под висок притисок, со којашто во иднина ќе ја изработува каросеријата на Model Y од едно парче. Калифорнискиот производител на електрични автомобили уште во средината на јули поднел барање за заштита на патентот за новата машина за леење под висок притисок.

Подготовките за големосериско производство на Model Y, на новиот СУВ на Tesla што е на заедничка платформа со Model 3, веќе се во напредната фаза. Новата машина за леење под висок притисок драстично ќе ја поевтини изработката и ќе ја зголеми продуктивноста. Со користење алуминиум место челик, автомобилот ќе биде и значително полесен, што оди во корист на досегот и на возните својства.

Шефот Илон Маск уште во минатиот четврток објави на твитер за новата машина во фабриките на Tesla: „Ќе биде вистинско доживување машината да се види во работа! Тоа е најголемата машина за леење под висок притисок на сите времиња. Задниот дел од каросеријата се состои од еден единствен дел, заедно со браникот.“

Маск во полетокот на јуни во едно интервју за подкаст најави дека каросеријата на Model Y во почетокот ќе се состои од само четири, место од 70 делови, а потоа и од само еден дел.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jaguar Land Rover ќе укинува повеќе модели во понудата

Британската влада одбива да му помогне на Jaguar Land Rover

Камион Mercedes eActros oд 25 тони вози на струја низ Лајпцих

Камион Mercedes oд 25 тони вози на струја низ Лајпцих