за

Британската влада одбива да му помогне на Jaguar Land Rover

Тешко погодениот Jaguar Land Rover нема да добие финансиска помош од британските власти, со што станува неизвесен понатамошниот опстанок на компанијата. Индискиот сопственик Tata Group исто така нема големи надежи за Jaguar Land Rover.

Jaguar Land Rover ќе укинува повеќе модели во понудата
Jaguar Land Rover ќе укинува повеќе модели во понудата

Спасоносната помош што Jaguar Land Rover се надеваше да ја добие од државната каса, изостана. Пропаднаа преговорите меѓу Jaguar Land Rover, Tata Steel и британската влада, за државна помош со цел да се спаси бизнисот на производителот на автомобили, кој е тешко погоден со последиците од пандемијата.

Преговорите имаа за цел да обезбедат средства од фондот што се води како „Проект бреза“ и наменет е финансиски да ги подржи компаниите што се од стратешка важност за британската економија, во услови на корона-криза. Владата одбила да одвои финансиски средства за Jaguar Land Rover, затоа што компанијата не ги исполнува условите да се квалификува за парите од граѓаните.

Во обемната објава на „Фајненшел Тајмс“ се наведува дека раководството на Jaguar Land Rover било незаинтересирано околу барањата да ја намали штетната емисија на своите возила, како еден од условите за добивање финансиска помош од државата. Од производителот се бараше да поттикне забрзано воведување на електричен погон во своите автомобили и да се збогува со дизел моторите од својата понуда. Тоа е голем проблем, затоа што Land Rover и Jaguar имаат еден од најголемите удели на дизел модели во вкупната продажба на автомобили.

Tata Steel, огранок на Tata Group што е сопственик на Jaguar Land Rover, исто така излезе со соопштение во коешто наведува дека „останува во тековни и конструктивни преговори со британскава влада околу можноста за подршка“. Меѓутоа, компанијата не ги исполнува условите да се квалификува за финансиските средства во рамките на Проектот Бреза, така што шансите ѝ се минорни.

land rover defender voda

Продажбата на Jaguar Land Rover опадна за 42 проценти во периодот меѓу март и јуни, додека загубата изнесува 413 милиони фунти, односно над 450 милиони евра за четирио месеци. Компанијата првично реагираше на тој начин што планираната заштеда во висина од 1 милијарда фунти, ја зголеми на 2,5 милијарди фунти за тековната финансиска година.

>>> Land Rover останува „англискиот пациент“, иднината е неизвесна

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Славенички Ford GT во чест на победата во Дајтона во 1966 година

Славенички Ford GT во чест на победата во Дајтона во 1966 година

Tesla Model Y стартува со испорака веќе во март

Tesla ќе ја изработува каросеријата на Model Y од едно парче