Ford GT е единствениот американски автомобил што победил на Леман, но тој ја постигна својата прва победа на трка во издржливост на 24 часа Дајтона во 1966 година. Во таа чест, Ford ја претстави првата специјална серија од моделот што е посветена на победата на GT на друга маратонска трка, освен на фамозниот 1-2-3 триумф на Леман. Заедно со специјалниот модел е пуштена и „студиска колекција“ со неколку стилски и ексклузивни додатоци за GT.
Каросеријата на новата славеничка изведба на GT е лакирана во стилот на автомобилот што пред 55 години победи во Дајтона. Моделот ќе биде достапен во лимитирана серија. Покрај тоа, со додатоците и опциите во Ford GT Studio Collection, клиентите ќе можат да ја нагласат карбонската школка или каналите за ладење на суперспортскиот автомобил на Ford.
Случувањата пред и за време на 24-часовната трка во Дајтона во 1966 година се овековечени во филмот „Ford v Ferrari“, во Европа познат како „Леман 66“. Кен Мајлс и Лојд Руби имаа 1-2-3-5 доминација во Дајтона, што беше почеток на одличната серија на Ford GT. Потоа следеше 1-2-3 победа на Себринг, со триумфот на Леман како кулминација на серијата. Мајлс и Руби водеа педесетина километри пред конкуренцијата. Тоа беше првпат некоја марка да го загрози Ferrari на тркачка патека.
Каросериската школка е лакирана во бела, црна и црвена боја, по примерот на болидот од 1966 година. Видливата карбонска конструкција на хаубата прави контраст со белата каросерија. Појавата на специјалната серија ја заокружуваат златните едноделни бандажи од 20 инчи, заедно со сопирачките клешти од Brembo во црвена боја.
















