за

Opel ќе отпушти 2.100 вработени во Германија

Последиците од корона-кризата го наведоа менаџментот на Opel да најави работни откази. Во тој случај, најмногу луѓе ќе ги заминат од централата на марката на францускиот PSA Peugeot во Риселсхајм.

fabrika opel corsa ajzenah

Доброволната програма за намалвуање на бројот на работни места не наиде на доволна прифатеност меѓу вработените. Opel најавува можност за масовно делење работни откази.

До крајот на следната година, Opel во Германија ќе укине 2.100 работни места, преку социјално прифатливи и доброволни програми за предвремено пензионирање или отштета. Досега за овие програми се пријавиле доброволно само 500 вработени. Германските медиуми објавија дека менаџментот на германската марка во сопственост на францускиот PSA Peugeot испратил соопштение до своите вработени.

Ситуацијата ќе се следи во претстојниот период до крајот на ноември. Во зависност од одвивањето на ситуацијата, понатаму ќе се размислува и за делење работни откази.

Моментно се бараат алтернативи во преговори со работничкиот совет и со синдикатот IG Metall. Дополнителен притисок за отпуштањата доаѓа од корона-кризата. Најмногу ќе биде погоден работниот персонал во матичното седиште на Opel во Риселсхајм.

>>> Buick повеќе не ја произведува американската Opel Insignia

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes GenH2, Mercedes eActros

Mercedes прикажа концепт на камион со водороден погон

motorpoint Фирма трипати ја обиколила Земјата да испорача возила на клиенти

Фирма трипати ја обиколила Земјата да испорача возила на клиенти