за

Buick повеќе не ја произведува американската Opel Insignia

Долгите лимузини со мотори V8 со зафатнина над седум литри и многу хром некогаш беа заштитен знак на американските марки. Лимузините исчезнаа, единствено јапонските марки им нудат класични автомобили на Американците.

Buick повеќе не ја произведува американската Opel Insignia
Buick повеќе не ја произведува американската Opel Insignia

Buick престана со производство на Regal. Тоа немаше да биде интересно, доколку не стануваше збор за модел што практично е ист со еден добро познат автомобил во Европа. Со заминувањето на Regal воедно завршува историјата на една од последните лимузини од американските марки.

Buick Regal во голем дел е ист со Opel Insignia. Ситуацијата околу овој автомобил е повеќе комплицирана, затоа што станува збор за модел од марка што денес припаѓа на францускиот концерн PSA. Германската лимузина своевремено беше развиена додека Opel уште функционираше како дел од американскиот General Motors.

На пазарот во САД, Buick Regal се нуди како лимузина (иако реално станува збор за комбиулимузина со петта врата) и како комби со ознаката TourX. Гигантот General Motors го запре производството на Buick во американските фабрики. Тоа не е големо изненадување, затоа што Buick уште пред извесно време најави дека деновите на Regal се изброени. Меѓутоа, со заминувањето на Regal, во понудата на Buick не остана ниту една лимузина. Претходно заминуаа Encore и LaCrosse. Купувачите моментно имаат избор единствено од СУВ-модели.

Buick не е единствената марка што се збогува со лимузините во својата палета намодели. Ford исто така го запре производството на Fusion, односно тоа е американската верзија на нам добро познатиот Mondeo.

Единствениот „патнички автомобил“ што остана во понудата на Ford на северноамериканскиот пазар е Mustang. Понудата сепак го вклучува четиридеценискиот бестселер, пикапот F-150, како и цела низа од кросовери и СУВ-модели, меѓу нив Edge, новиот Bronco, EcoSport, Escape, Flex, Explorer и Expedition. Следат уште Ranger, Transit Connect, Super Duty, но и електричниот Mach-E. Не е да се забележи дека недостигаат модели.

General Motors решително влегува во ерата на електромобилноста

General Motors решително влегува во ерата на електромобилноста
General Motors решително влегува во ерата на електромобилноста

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat 1430 против новото комби Leon Sportstourer

Seat 1430 против новото комби Leon Sportstourer

Tesla сама ќе ги „завиткува“ автомобилите на клиентите во Кина

Tesla сама ќе ги „завиткува“ автомобилите на клиентите во Кина