за

Дајмлер пред 135 години го конструираше првиот високотуражен мотор

Дајмлер пред 135 години го конструираше првиот високотуражен мотор
Дајмлер пред 135 години го конструираше првиот високотуражен мотор

Готлиб Дајмлер пред 135 години го конструираше едноцилиндарскиот мотор, кој во историјата важи како прв бензински мотор што работи на високи вртежи. Патентот за моторот беше регистриран на 3-ти април 1885 година.

Поради надворешниот изглед, новиот вид мотор со внатрешно согорување доби прекар „стоечки часовник“. Моторот е компактен, лесен и како прв бензински мотор што работи со високи вртежи постигнува моќност од 0,37 киловат или половина КС при 700 вртежи во минута. Работната зафатнина на едноцилиндарецот изнесува 264 сантиметри кубни.

Во истата година, Дајмлер го вгради „стоечкиот часовник“ во „возилото за јавање“ – во буквален превод од германската кованица Reitwagen. Идејата на светски прочуениот конструктор е да укаже на тоа дека идејата за лично превозно средство може да се постигне благодарение на неговиот компактен погон.

Независно од Даимлер, Карл Бенц во германскиот град Манхајм работи на патент на моторни возило со три тркала. Моторот со внатрешно согорување е негова конструкција. Во 1886 година, Бенц го регистрира патентот на овој изум. Како што денес тоа го спомнува историјата, станува збор за првиот автомобил во светот.

Во меѓувреме, Дајмлер продолжува со развој на сопствениот мотор и во летото истата година претставува посилна изведба на „стоечкиот часовник“ со зафатнина од 0,8 киловат, односно 1,1 КС. Тој го вградува моторот во коњска кочија и со тоа го создава првиот автомобил со четири тркала во светот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Mercedes Citaro претворен во автобус за брза помош

Mercedes Citaro претворен во автобус за брза помош

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo ја пушти новата монтажна линија за батерии во Гент

Кои марки имаат најголем удел на електрични автомобили во продажбата?

Европски градови им препуштаат улици на пешаци и велосипедисти

Европски градови им препуштаат улици на пешаци и велосипедисти