Mercedes Citaro претворен во автобус за брза помош

Mercedes Citaro претворен во автобус за брза помош
Mercedes Citaro претворен во автобус за брза помош

Три недели беа потребни за меѓуградски автобус Mercedes Citaro да стане специјално возило за превоз на пациенти од Ковид-19. Преправката на автобусот беше извршена во фабриката на Daimler во германскиот град Ној Улм. Најголемото амбулантно возило во земјата ќе го користи службата за брза помош на подрачјето на градот.

Daimler го отстапува автобусот на користење во следните шест месеци. Тој е дел од заедничкиот проект со Универзитетската клиника Улм, којашто го обезбедува медицинскиот персонал, и со претпријатието за јавен превоз во градот, чијашто задача е да ангажира возачи и сервисери.

Идејата потекна од службата за брза помош во Улм, којашто во вонредната состојба со пандемијата увиде потреба од поголеми возила за превоз на пациенти. Daimler се отповика на идејата да се користи автобус од негова продукција. Тим од 12 техничари го преработе автобусот за само 15 работни денови.

Во автобусот се наоѓаат четири целосно опремени места за интензивна нега. Една од можните примени е брз превоз на пациентите во други болници. Медицинскиот тим го сочинуваат два лекарски специјалисти и пет болничари за итна помош. Автобусот е опремен со четири носилки со електрохидрауличен систем, четири апарати за дишење, четири монитори за надзор, еден апарат за сонографија и еден уред за анализа на крв.

https://photos.app.goo.gl/imZSud2SmfZoYbJn8

 

Претходна објаваПутин ќе ѝ помогне на руската автомобилска индустрија
Следна објаваНајголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во … глисери!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here