за

Continental наградува со ексклузивно возачко искуство во Прованса

continental black chili najava

Љубителите на брзите и моќни автомобили добиваат ретка можност да учествуваат на незаборавна возачка тура во Франција, одговарајќи на неколкуте прашања во рамките на наградната игра на Continental.

Производителот на пневматици Continental и годинава ја организира возачката тура што го носи името според специјалната мешавина која се користи во врвните спортски пневматици на марката. Continental Black Chili е четиридневна возачка тура за којашто сонува секој автомобилски ентузијаст. На располагање стојат шест брзи и моќни автомобили, кои се возат на релација долга повеќе од 300 километри. Сето тоа го придружуваат ексклузивно кулинарско искуство и престој во хотели од највисока категорија, и секако, добро дружење. Посета на Кан и уживање на Азурниот Брег, исто така.

Continental со овој настан ја прославува водечката улога во автомобилската индустрија

Шесте болиди кои го сочинуваат возниот парк се опремени со врвни модели на гуми, ContiSportContact 5, ContiSportContact 5P и SportContact 6. Организаторот има обезбедено соодветни возачки машини кои се способни да ги демонстрираат својствата на овие пневматици. Станува збор за Porsche Boxster 718, Mercedes C43 AMG, Audi RS3 и BMW M240i – двата преостанати автомобила засега остануваат во тајност. Повеќето од овие автомобили излегуваат од фабрика со гуми Continental.

Покрај производство на гуми, Continental е меѓу водечките добавувачи на автомобилската индустрија на глобално ниво, со компоненти од подвозјето, сопирачките, системите за безбедност, решенија за поврзување, па дури и најситни, но секако важни делови, како прскалки за миење на светлата.

За учество во наградната игра е потребно да се посети веб-страницата на настанот https://blackchili.mk/ и да се одговори на неколку прашања што се од доменот на познавања на секој фан на автомобилизмот. Возењето во рамките на Black Chili е во периодот меѓу 23-ти и 26-ти мај. Среќниот добитник може да избере придружба, за заедничко уживање во настанот и во возењето во Прованса. Со среќа.

Continental ќе произведува гуми од каучук добиен од глуварче

Мотоцентар со тркачка проба на новите гуми Altimax One на General Tire

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 175/65 R14 T (2018)

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 205/55 R 16 V (2018)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

камионски гуми вештачки каучук

Гумите со вештачки каучук подобри од „природните“

volkswagen id roomzz

Уште еден Volkswagen на струја: ID Roomzz премиерно во Кина