за ,

Continental ќе произведува гуми од каучук добиен од глуварче

continental каучук глуварче

Обичниот каучук станува прескап и сложен е за набавка. Continental веќе има замена: Во неговите автомобилски гуми во иднина ќе се користи каучук добиен од глуварче

Во лабораторијата на Continental во гратчето Анклам, на крајниот североисток на Германија, пристигнаа првит машини во коишто ќе се врши екстракција на каучук од корен од глуварче.
Првите количини каучук што потекнува од корен од глуварче се очекува да се добијат кон крајот на есента. Тогаш ќе биде комплетирано опремувањето на првата постројка за таа цел во Анклам. Таканаречената екстракциска единица покрива површина од околу 50 метри квадратни и тежи 40 тони.

Continental вложи 35 милиони долари во лабораторијата за добивање каучук од глуварче

Сé уште се работи за пробна фаза, но се постигнува напредок. Continental очекува многу поголема продукција на каучук во Анклам, отколку во постројките на партнерот Zoz, од кадешто досега се добиваше каучукот од глуварче.

Continental, глуварче

Во лабораторијата се добива каучук од руско глуварче, коешто се одгледува локално на површина од 30 хектари. Гигантот во производството на автомобиолски гуми бара одржлива замена за каучукот којшто досега пристигаше првенствено од дождовните шуми. Со локалното одгледување на глуварче ќе се смалат и емисиите на СО2 од транспортот.

Continental ќе произведува автомобилски гуми од глуварче

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

тјунинг Carly, BMW

Тјунинг за BMW преку мобилна апликација

Mercedes EQC najava premiera

Електричниот Mercedes EQC со светска премиера на 4-ти септември