за

Сојата е добра и за нашите автомобили

соја седишта ford

Во преку 18 милиони возила на Ford кои се произведени во северноамериканските фабрики се вградени седишта со пена врз база на соја. Тоа е во интерес на животната средина, но и за бизнисот е поевтино.

Сојата е позната нашироко, милиони луѓе секој ден јадат и пијат производи на база на соја, иако најголемиот дел од жетвата се користи како добиточна храна. Но, ова досега не сме го знаеле: Голем број возачи седат на рециклирана соја. Ford уште во 2008 година почна да користи сунѓер на база на соја за тогашниот Mustang. Производителите се решија на овој чекор откако нагло пораснаа цените на нафтата. Како замена за материјалите од минерално масло, сојата не само што е добра за животната средина, туку е добра и за бизнисот.

Во седиштата на сите возила на Ford што се произведуваат во Северна Америка, од 2011 година се користи сунѓер, односно пена од соја. Трајноста на материјалиот не се разликува од сунѓерот добиен од минерални масла. Повеќе од 18,5 милиони возила од северноамериканско производство имаат вградено сунѓер на база на соја. Уште основачот Хенри Форд во 1940-те години работел на идејата за вградување биоматеријал во возилата.

Сојата е еден од осумте материјали од обновливи извори што се користат во возилата на Ford

Пената од соја е само првиот чекор. Соиното млеко може да се користи и за заптивки или метлички за бришачи. Заедно со сојата, дури осум различни материјали од обновливи избори се користат во Ford: Пченица, ориз, рицинус, кенаф, целулоза, јута и кокос. Постојано се истражува со нови материјали, како лушпа од домати, агава, глуварче и алги. Се работи и на пена и пластика врз база на јаглероден диоксид.

Купувачите помалку се интересираат за кожен ентериер

Со користењето растенија и растениски отпад од регионот во којшто се произведуваат возилата се намалува и емисијата на штетни материи при транспорт. Придобивки има и за регионалното земјоделство.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia Duster new

Dacia Duster продолжува до следниот милион

потрошувачката на нафта

До 2030 година само 10% пораст во потрошувачката на нафта