165
44 shares, 165 points

Мотоцентар и претставници од производителот General Tire одржаа најверодостојно претставување на новите летни гуми од General Tire, на тркачката патека во Серес, Грција.

Една од најпознатите адреси при избор на гуми, Мотоцентар од Скопје, точно со почетокот на сезоната на возење со летни гуми, ги претстави новите летни модели Altimax One и Altimax One S. Во присуство на претставници од производителот General Tire, кој е дел од гигантот Continental, бројни претставници од македонските медиуми се уверија во можностите на новите летни гуми, со возење по мото-патеката Серес, во Грција.

New photo by Automedia MK / Google Photos

General Tire Altimax One и Altimax One S ги наследуваат претходните модели Altimax Comfort и Altimax Sport, развиени да понудат безбедни возни својства при возење по сув пат, но и зголемена тракција на влажна подлога, во комбинација со отпорност на абење, односно долготрајна издржливост.

Претставниците од General Tire, како и вообичаено, одржаа темелно претставување на својствата и посочување на најразновидните предизвици со коишто инженерите се соочуваат при развојот на новите генерации гуми.

Altimax One и Aptimax One S за најширок дијапазон на модели, од VW Polo до Mercedes C-Class

Altimax One има газечки профил со три бразди и конструирана е со цел да овозможи прецизно управување и безбедно сопирање во суви услови. Во влажни услови, големиот број на засеци за постигнување поголема тракција, овозможуваат подобрена контрола и сигурност во возењето. Во промотивниот период, Altimax One се достапни во 12 големини, почнувајќи од 15 инчи. Со понудените димензии на гуми речиси комплетно се поктива сегментот на градските автомобили, како што е VW Polo.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Altimax One S има дополнителна, четврта бразда во газечкиот профил, по што јасно се препознава дека оваа гума е конструирана за модели со повисоки перформанси. One S постигнува подобро потиснување на водата од патот при повисоки брзини и нуди дополнителна безбедност на возачите во секој свијок.

Моделот е достапен во 37 големини, во дијапазон од 15 до 20 инчи. Овие модели се наменети за вградување во спортските изведби на моделите од компакт класата, но и за модели од средната класа, како што е Mercedes C-Class. Во следните две години ќе се понудат и дополнителни димензии. Овие гуми се одобрени за брзини до 300 km/h, нудејќи целосна сигурност и безбедно возење во кривини при побрзо возење.

New photo by Automedia MK / Google Photos

„Ова е возбудлива промоција за General Tire во Грција. Нашите најнови гуми за патнички возила нудат целосна сигурност во секојдневните авантури. Промовирањето на нашите Altimax One и Altimax One S на патеката во Серес е одлична можност за гостите да ја доживеат од прва рака импресивната изведба на Altimax One и Altimax One S,“ изјави Матијас Барц, генерален менаџер за развој на бизнисот во регионот на Европа, Среден Исток и Африка.

Едноставно препознавање кога гумите се трошат нееднакво и кога ќе ја достигнат граничната длабочина на профилот

Altimax One и Altimax One S имаат уникатен индикатор за визуелна усогласеност (VAI) и монитор за замена на гуми (RTM), како патентирана технологија на General Tire. Преку овој индикатор, сопственикот на возилото може брзо и едноставно да провери дали има неправилно трошење меѓу гумите на возилото, со што се спречува предвремено абење на профилот. Станува збор за две вдлабнати линии по работ на газечката површина.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Вториот индикатор е RTM (Знак за замена на гумите), кој укажува дека пневматикот ја достигнал минималната длабочина на профилот. Тој се наоѓа во средината на профилот и непогрешливо укажува на неопходната промена, затоа што во профилот во тој случај се појаваува текст Replace Tire. Производителот препорачува гумите да се заменат кога ќе достигнат истрошеност од 3 милиметри.

Компанијата General Tire е основана во 1915 година, со седиште во Форт Мил, Јужна Каролинавек. Во 1987 година, нов сопственик станува „Континентал“, гигантот во добавувачката бранша и еден од водечките производители на гуми за возила во светот. Во производствената гама се наоѓаат гуми за патнички возила, за камиони и за индустриска намена, како и специјални гуми наменети за возила со погон на четири тркала.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Новини од Мотоцентар: Овие гуми се „GT“ за терен

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 175/65 R14 T (2018)

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 205/55 R 16 V (2018)

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

165
44 shares, 165 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *