за

Ѕвездите пристигаат: Mercedes C-Class и GLA од утре во салонот на Макауто Стар

Некои автомобили копнеат да станат ѕвезди, но овие се родени под знакот на ѕвездата – сребрената ѕвезда. Увозникот ја подгрева атмосферата пред утрешната премиера на новите модели на Mercedes.

По исклучително брзото, а сепак вообичаено пристигнување на македонскиот пазар, како и по „тизингот“ од одделението за односи со јавноста со доставувањето на фотографиите од нивното влегување во салонот, дури и не е потребна најава дека во Макауто Стар очекуваат многу од новите два модела во понудата. Mercedes GLA е кросовер на основа на суперуспешната класа А, нов играч во сегментот што бележи постојан раст во последните две децении и чесно позициониран со цената од 29.690 евра. Во споредба со класичната комбилимузина, GLA чини околу 3.000 евра повеќе, не сметајќи ги дополнителните ставки што кросоверот ги поседува во сериската опрема.

Вториот нов модел е повеќе класика, но само поради традицијата на неговите претходници. Новата класа С е динамична и агресивна, подеднакво и во изгледот и во однесувањето во возење. Кокпитот следи сосема нова архитектура на Mercedes, заради полесно прифаќање на огромниот технолошки напредок што моделот го носи во средната класа и приспособување на ракувањето во новата средина. Голем дел од иновациите потекнуваат од знаменосецот на Mercedes, од класата Ѕ. Цените на новата класа С ќе бидат објавени по утрешната македонска премиера во салонот на Макауто Стар. Добредојде за новите ѕвезди!

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

General Motors ќе одговара за премолчувањето на дефектот

Ferrari гради нов забавен парк во Шпанија