за

Новата Мерцедес Е-Класа пречекана со сите почести

Многу е природно, во оваа марка да се прославува. Мерцедес-Бенц е знак за успех, за умешност, за врвни достигнувања. Новата Е-Класа во вторникот беше достојно пречекана во Мак Аутостар.

Сé на овој настан беше Мерцедес. Од симболиката на црвениот тепих и прекрасните хостеси за добредојде, до врвното озвучување и до бендот на Васил Хаџиманов, што со семејната традиција на негување на врвна музичка уметност потсеќа на традицијата на марката од Штутгарт. Главната меѓу бројните ѕвезди, новата генерација на Е-Класа.

Уште однапред беше извесно дека тоа ќе биде автомобилскиот настан на годината. Прво појавување на новата генерација на Е-Класата на Мерцедес-Бенц пред македонската јавност. Соодветно на тоа беше организиран и настанот од тимот на Мак Аутостар и од премиера-мајсторот Владица Кокаловиќ.

Почнувајќи од претставничките од седум генерации на оваа веројатно вонпланетарно позната моделска серија на Штутгарт, беше очигледно колку е вложено во подготовката на настанот. Мак Аутостар ја има и таа комоција што настаните за голема публика ги организира во зградата веднаш спроти седиштето на Мерцедес-Бенц во Македонија, во бизнис центарот Премиум.

Пред многубројна публика, со испочитувани врвни стандарди, од послужувањето пијалок, преку свеченото осветлување во и надвор од објектот, до свечениот момент на повлекување на велот од славеничката, водеше џез-музиката на бендот на Васил Хаџиманов.

Секако дека оваа спрега меѓу традицијата на Е-Класата на Мерцедес и семејното наследство на музичко совршенство на Хаџиманови не е погодена случајно. Исто како што првиот современ модел на Мерцедес-Бенц од 1902 година е Е-Класа, според пристапот при развојот и пазарната цел со автомобилот, така и Хаџиманови се поврзуваат со зачетоците на школуваното создавање и изведување музика во Македонија. Маестро Васил го носи името на својот дедо и син е на Зафир Хаџиманов.

Вредностите се развиваат и се пренесуваат од генерација од генерација, како кај луѓето, така и кај производите што произлегуваат од луѓето. Овој повеќе културен, отколку автомобилски настан, мина со само неколку реченици за автомобилот кажани од нашиот познат актер Дејан Лилиќ, актуелен по својата улога на Дамјан во серијата Бистра Вода, но пак сé беше кажано и никому не недостигаше дополнително објаснување зошто се прославува доаѓањето на нова Е-Класа.

На овој подарок концерт на Васил Хаџиманов со својот бенд, од страна на Мак Аутостар, како да провејуваше некоја волшебна историска нишка што се шири насекаде низ светот, поаѓајќи од Штутгарт. Мерцедес-Бенц не е локален или регионален феномен, туку насекаде е марка што се почитува подеднакво, а тоа значи максимално.

Додека хостесите го придружуваа „сокриениот“ автомобил под велот во боја на ѕвездата на Мерцедес, бендот на Васил Хаџиманов изведуваше маестрални џез-аранжмани на музички парчиња, својствени за секоја деценија на Е-Класата. Колку години и колку случувања се тоа, во секој момент суптилно укажуваа билбордите распоредени во просторот, со годините во коишто претходничките ја имале својата премиера.

Уште едно поглавје следеше откако Дина Јовановска, главната вокалистка на Д’ Рингтоунс, почна да ја пее Лидуду, првпат изведена од Маја Оџаклиевска. Тоа и денес среќно нé враќа во времето кога македонската музика се пееше и свиреше со најголема гордост. Мерцедес-Бенц Е-Класа и тогаш била тоа што е денес. Таа секогаш е „музика“ за своето време.

Е-класата сепак остана во средиштето на вниманието. Гостите сакаа да ја погледнат славничката, да ја допрат и почувствуваат, којзнае колку слики осамнаа на друштвените мрежи по премиерата. Тоа е најдобро сведоштво за успехот на овој настан, од кого што добива целата сцена, не само автомобилската.

Честито нека ни е новата Е-Класа!

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинески БИД се подготвува да го преземе пазарот на Тесла Модел Ипсилон

Тркачки Ферари ГТО од 1962 година продаден за рекордни 51,7 милиони долари