Ферари 330 ЛМ / 250 ГТО од 1962 година, изработен од Скаљети, прочуен италијански каросерист, се продаде за 51,7 милиони долари на наддавањето што РМ Сотби го одржа на 13-ти ноември во Њујорк.
Тоа е најскапиот Ферари што воопшто е продаден на наддавање и најскап e од сите автомобили што во текот на годинава се купени на јавно достапна продажба.
Џим Џегер, познат колекционер од Охајо и соосновач на компанијата што ги произведува радарите Ескорт, го поседуваше автомобилот близу четири децении, пред да го понуди на продажба. Од РМ Сотби не го откриваат името на новиот сопственик на баснословно скапиот Ферари.
Крајната цена кога водителот со чеканот го означи завршетокот на наддавањето, изнесуваше 47 милиони долари. Кога на тоа ќе се додаде и премијата во висина од 10 проценти, автомобиот го чинеше новиот сопственик 51,7 милиони долари.
Постигната е рекордна сума, но се очекуваше дека автомобилот ќе постигне повеќе од тоа. Во деновите пред продажбата, РМ Сотби во каталогот наведуваше дека вредноста на возилото ќе надмине 60 милиони долари.
„Неоспорно е неговото место во историјата“, кажа Оливер Баркер, претседател од европскиот огранoк на Сотби, на почетокот на наддавањето.
Автомобилот се продаде за помалку 20 минути, со почетна цена од 34 милиони долари.
Наддавањето главно се одвиваше меѓу купувачите што учествуваа преку телефонска врска, сé до решавачките моменти, кога цената достигна 47 милиони долари. Според РМ Сотби, и автомобилот и купувачот биле присутни физички во текот на наддавањето.
Тркачот со дванаесетицилиндарец во форма на латинично В е најскапиот автомобил што се продаде во текот на годинава.
View this post on Instagram
Досегашниот рекорд му припаѓаше на Ферари 412П Берлинета од 1967 година, продаден на 17-ти август за 30,2 милиони долари. Ова беше одлична година за Ферари, коишто се своевиден „блу чип“ автомобили за колекционерската сцена. Од 15-те најскапи автомобили што се продадени годинава, дузина го носат знакот на марката со „кавалино рампанте“. Тоа го покажува истражувањето на класик.ком, што ги следи колекционерските автомобили и нивната цена.
„Тој дел од пазарот не е поместен ниту за милиметар“, кажува Хуан Диего Кале, основач и претседател на вебсајтот класик.ком.
Лакиран во црвена боја, означен со стартен број 7, автомобилот е посебен поради тоа што е единствен примерок од Ферари ГТО, што го поседува првично вградениот 4-литарски мотор. Тој е воедно и единствениот фабрички ГТО Типо 1962, што возел трка за Скудериа Ферари. Во 1962 година, рекордерскиот автомобил победи во класа и го освои второто место во општ пласман на 1.000 километри Нирбургринг. Во 2012 година, тој ја освои наградата за најдобар автомобил на Амелија Ајленд Конкур д’Елеганс во Флорида.
Цената на историскиот Ферари ниту приближно не се споредува со најскапиот автомобил што е продаден во историјата на планетава – Мерцедес-Бенц 300 СЛР Уленхаут Купе од 1955 година, што во 2022 година се продаде за 142 милиони долари
ГТО Типо докажува колку пазарот за највредните примероци на Ферари е стабилен и моќен дури и во време на економска неизвесност. Меѓу останатите модели што постигнаа астрономски цени годинава се Ферари 250 ГТ СВБ Калифорнија Спајдер од 1962 година, продаден за 18 милиони долари на 2-ри март и Ферари 250 ЛМ од 1964 година, што на 5-ти јули се продаде за 15,7 милиони долари.