Фолксваген му помага на градот-држава Ватикан да се префрли на мобилност од одржлива природа.
Во почетокот на 2024 година, компанијата ќе испорача 40 примероци од своите целосно електрични модели од семејството ИД. Тоа ги опфаќа компактот ИД.3, СУВ-моделот ИД.4 и неговата купе изведба ИД.5.
Возилата ќе бидат дел од стратегијата за декарбонизација на Ватикан. Со неа се предвидува целиот возен парк до 2030 година да биде неутрален во поглед на емисијата на штетни материи. Имелда Лабе, директорка за продажба, маркетинг и сервисирање во Фолксваген, заедно со Др. Кристијан Далхајм, директор на банката на Фолксваген, лично ги предадоа првите две електрични возила на Ватикан. Станува збор за моделот ИД.3 Про Перформанс.
„Електрификацијата на возниот парк станува сé поважна во светски рамки. Голема чест за нашата марка е тоа што во иднина и службениците во Ватикан ќе се вбројуваат меѓу возачите на ИД. Со тоа воедно се потврдува и привлечноста на нашите целосно електрични модел ИД“, кажа Имелда Лабе при предавањето на возилата на Ватикан.
Намерата на Ватикан е да ги сведе на најмала мера влијанијата од човечките активности што се штетни по животната средина. Мобилноста е средишен дел од псоебната програма што е именувана „Еколошка преродба 2030“. Целта е да се смали ЦО2-отпечатокот на градот-држава. За тоа да се постигне, постоечките возила постепено ќе се заменуваат со електрични.
Ватикан избра да соработува со Фолксваген во спроведувањето на таа намера. Од почетокот на следната година, концернот Фолксваген преку својот финансиски огранок ќе испорачува електрични возила на Ватикан. Предвидени се и возила од другите марки на концернот. До 2030 година, сите возила во градот ќе бидат електрични.