за

Проблематичниот добавувач на Volkswagen му задава главобoлки и на Mercedes

Volkswagen не е единствен што има проблеми со добавувачот со босанско потекло. Mercedes, односно концернот Daimler, исто така е во судски спор со групацијата Prevent.

Добавувачот Prevent во моментов предизвикува големи компликации кај најважните субјекти во автомобилската бранша. Ова претпријатие што е специјализирано за текстил, вклучувајќи и облоги за седишта, освен со Volkswagen се наоѓа во клинч и со Daimler. Судот во Брауншвајг, каде што се води и спорот меѓу Volkswagen и Prevent, соопшти дека добавувачот побарал отштета во висина од 40 милиони евра од Daimler. Исто како кај Volkswagen, станува збор за наводно неисполнети договори и предвремено раскинати спогодби за испорака.

Предметот во меѓувреме е предаден под надлежност на судот во Штутгарт. Во 2014 година, Судот го одбил барањето на Prevent Dev GmbH за воведување правна заштита. Во деловниот извештај на претпријатието за 2013 година се наведува дека Daimler во 2013 година ги откажал работните налози и го смалил обемот на испорака од Prevent. Станува збор за облоги за седишта, но не од фирмата Car Trim, како што е во случајот со Volkswagen.

Запирањето на испораката од Prevent предизвика далеку посериозни последици кај Volkswagen. Поради недостигот од компоненти за менувачи и облоги за седишта од добавувачите ES и Car Trim, коишто се дел од групацијата Prevent, фабриките на Volkswagen во Емден, Волфсбург, Цвикау, Касел, Залцгитер и Брауншвајг ќе работат со смален капацитет до крајот на август.

Daimler повеќе не нарачува облоги за седишта од Car Trim, исто како и компоненти од ES.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi развива амортизери што произведуваат струја на секоја дупка

Lamborghini Centenario Roadster за дваесетмина брзи среќници