за

Голф повеќе не е најпроизведуваниот модел во Германија, но титулата останува в куќа

Во јубилејната година, Голф го изгуби насловот на модел што најмногу е произведен во фабриките во Германија. Фолксваген не го изгуби насловот.

Сите ограноци во фабриката прават Волфсбург да биде најголема автомобилска фабрика во светот.

Точно во годината во којашто се одбележува половина век од почетокот на производството, Голф ја изгуби титулата на најпроизведуван автомобил во Германија.

Голф не е најпроизведуваниот автомобил во Германија во 2023 година, но затоа модел на Фолксваген и натаму ја држи таа титула. Новиот носител на важниот наслов е братот Тигуан.

И покрај тоа што се соочува со тешки предизвици околу бројноста на работниот персонал и со забавена побарувачка за електричните автомобили, Фолксваген останува далеку најпроизведувана марка во Германија.

Вечниот бестселер Голф, што почна да се произведува пред точно 50 години, мора да ја препушти круната на најпроизведуван германски автомобил. СУВ-моделот Тигуан, кој штотуку почнува да се продава во неговата најнова и последна генерација со мотори со внатрешно согорување, го престигна Голф.

Фолксваген Тигуан го замени Голф

Како што пресметаа пазарните аналитичари, СУВ-моделот лани бил произведен во 225.000 примероци, што е за 10.000 возила повеќе отколку што било производството на Голф. Компактниот бестселер што во 2016 година водеше со близу 800.000 примероци, претрпе сериозен пад во побарувачката, меѓу другото и поради силната и нова конкуренција од сопствената куќа, како Т-Рок, Т-Крос, па и електричниот ИД.3.

Во меѓувреме напредува Тесла. На третото место на најпроизведувани модели се наоѓа Тесла Модел Ипсилон, што се произведува и во Германија, во Гринхајде. Електромобилот на американската марка бил произведен во 195.000 примероци. Четврта е серијата 3 на БМВ, со 180.000 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рено очекува новите модели да ја качат продажбата во ’24, прометот е пораснат за 1,8%

Шеф-дизајнерот на Фолксваген се сели во кинески САИЦ