Шеф-дизајнерот на Фолксваген се сели во кинески САИЦ

Само 30 месеци беше главен одговорен за дизајнот на Фолксваген; Јозеф Кабан и неговото дело ИД.Баз.

Јозеф Кабан во јануари 2023 година беше сменет од местото на главен дизајнер на носечката марка на концернот Фолксваген. Словачкиот дизајнер потпиша за еден кинески конкурент на концернот.

Поранешниот главен дизајнер на Фолксваген, Јозеф Кабан, ќе работи за кинескиот автомобилски концерн САИЦ. Тоа го објави компанијата непосредно пред отворањето на салонот на автомобил во Пекинг.

Кабан во јануари 2023 година беше сменет од местото на главен дизајнер на марката Фолксваген и поставен за директор за креативна уметност. Неговото место на главен дизајнер го презеде Андреас Миндт. Оттогаш се немаше чуено глас за Кабан. Словакот сега добива предизвик да создава во Кина.

Со соопштението од САИЦ стои: „Јозеф Кабан значително ќе ја засили нашата дизајнерска компетентност и ќе го подигне нивото на интернационализација, за да го забрза настапот на САИЦ Мотор на светскиот пазар.“

Првите проекти од цртачката табла на Кабан веќе се на пат кон сериско производство, пишува понатаму во соопштението.

САИЦ од 1998 година е партнер во заедничката компанија со Фолксваген на кинескиот пазар. Марката Ауди набрзо ќе претстави два нови електрични модели, што се развиени во соработка со САИЦ. Влијанието на Кабан врз дизајнот на овие возила сепак ќе биде незначително.

Јозеф Кабан почна да работи како дизајнер на Фолксваген во 1993 година. Словачкиот дизајнер меѓу другото има заслуга за дизајнот на Бугати Вејрон. Во 2003 година, Кабан почна да работи за Ауди.

Во периодот од 2008 до 2017 година, тој беше прв човек за дизајн во Шкода, во Млада Болеслав. Во февруари 2017 година, Кабан објави дека преоѓа во концернот БМВ, за во летото 2020-то да се врати како главен дизајнер на марката Фолксваген.

Претходна објаваГолф повеќе не е најпроизведуваниот модел во Германија, но титулата останува в куќа
Следна објаваТесла го распушти тимот за маркетинг, не им донесе многу корист

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here