за

Америка останува најголем светски пазар за електрични автомобили

Европа сé уште се држи на второто место според бројот на продадени автомобили со погон на струја, но Кина може наскоро да го преземе нејзиното место.

САД остануваат најголем пазар во светот за автомобили со погон на струја. Лани таму се продале 119.000 електрични автомобили и хибриди со надворешно полнење. Тоа претставува зголемување од 23 проценти во споредба со 2013 година. На второто место е Европа со продадени 93.000 автомобили со овие видови на погон и пораст од дури 56 проценти, додека Кина е на третото место со 47.418 возила на струја или три и пол пати повеќе отколку преклани.

Во друштвото на „електрични“ автомобили наскоро ќе се придружат и возилата со погон на водород. Toyota Mirai веќе стартуваше со продажба
Во друштвото на „електрични“ автомобили наскоро ќе се придружат и возилата со погон на водород. Toyota Mirai веќе стартуваше со продажба

Само неколку модели доминираат на пазарите во САД и Кина. Околу 85 проценти од продажбата на електромобили и плаг-ин хибриди во Соединетите Држави отпаѓаат на Nissan Leaf, Chevrolet Volt и Tesla Model S. Кинезите најмногу ги купуваат BYD Qin, Chery QQ3, Zotye E20 и Baic E150 EV. Наспроти тоа, купувачите во Европа имаат поразновиден избор на фаворити со погон на струја. Околу половината од електромобилите продадени на европскиот пазар се Nissan Leaf, Renault Zoe и Mitsubushi Outlander, потоа следат Volvo V60 Plug-in-Hybrid и Tesla Model S, а со извесен заостаток се надоврзува квартетот од BMW i3, Volkswagen E-Up, Volkswagen Golf GTE и Renault Kangoo Z.E.

Целиот автомобилски пазар во САД лани достигнал 16,4 милиони возила од сите видови на погон, што е помалку од кинескиот пазар со 18,4 милиони нови возила. Во Европа се регистрирале 13 милиони нови возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford е водечка марка товарни возила во Европа

Huawei P8: Паметен телефон со пристојна камера и со макси-верзија