за

Продадени 200.000 електрични автомобили на Renault-Nissan

Nissan Leaf се продава во двапати повеќе примероци од сите други електрични автомобили заедно

Француско-јапонската алијанса продаде 200.000 автомобили со погон на струја. Продажбата на овие возила е зголемена за дури 20 проценти во споредба со лани.

Алијансата Renault-Nissan во ноември го продаде двестеилјадитиот автомобил со погон на струја, по околу четири години од претставувањето на првиот големосериски автомобил со овој погон, Nissan Leaf. Според интерните податоци на алијансата, Renault и Nissan држат 58 проценти од светскиот пазар на автомобили со нулта емисија на штетни гасови. Партнерите соопштуваат исто така дека нивните автомобили на електричен погон досега имаат поминато преку четри милијарди километри, што одговара на 100.000 обиколувања на земјината топка. Според производителот, Nissan Leaf е најпродаван електричен автомобил на сите времиња.

Во периодот од јануари до почетокот на ноември алијансата продаде 65.000 примероци, што претставува зголемување од 20 проценти во споредба со истиот период лани. Најголеми пазари за Leaf се САД со 67.000 продадени примероци од лансирањето на моделот, пред Јапонија со 46.500 и Европа со 31.000 примероци.

Од претставувањето на Renault Kangoo Z.E. во октомври 2011 година, како прв електричен автомобил на Французите, досега се продадоа 51.500 возила. Покрај Kangoo и Twizy, Renault ги има во понуда и електричните ZOE и лимузината Fluence Z.E. Најголем интерес за електричните возила на Renault на европскиот пазар има во Франција, Германија и Велика Британија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Audi A4 влегува во завршно тестирање

Што сé совладува Land Rover? (Видео)