740.000 електрични автомобили возат во светот

Според последните анализи, во светот моментно возат 740.000 автомобили со погон на струја. Бројот на овие возила се зголемува рапидно. Само во последната година се продадени 320.000 електромобили.

Електричните автомобили стануваат реалност. Според последните податоци, на глобално ниво во моментов се регистрирани преку 740.000 возила со погон на струја. Само во текот на минатата година се продадени 320.000 возила. Профитираат и добавувачите, производители на автомобилски акумулатори, со остварен промет во висина од две милијарди евра. Nissan Leaf и Tesla Model S се најпродавани електомобили.

Земја со најголем број на регистрирани електрични автомобили и натаму се САД со вкупно 290.000 возила. Лани продажбата на овие автомобили се зголемила за дури 69 проценти, со околу 117.000 нови возила на струја во возниот парк на Американците. Кина исто така бележи голем напредок, со околу 100.000 електрични возила, од кои дури 54.000 се регистрирани лани, што претставува зголемување од 120 проценти. Според бројот на регистрации, на второто место е Јапонија, којашто веќе ја пречекори бројката од 100.000 електромобили, но таму е релативно помал процентот на пораст на продажбата, со 45 проценти.

Заедничко за сите водечки земји е постоењето бенефити за електричните возила, почнувајќи од државни субвенции при набавката, до бесплатен паркинг и право на користење на лентата за јавен превоз во градовите.

Според учеството на електромобилите во вкупниот возен парк, Норвешка води и понатаму со 1,6 процент застапеност на возилата на струја. Во оваа скандинавска држава се регистрирани 43.400 е-автомобили, односно 113 проценти повеќе отколку пред една година.

Претходна објаваСпецијална серија за 20-годишнината на Lotus Elise
Следна објаваРусија издвојува 150 милиони евра за автопроизводителите во земјата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here