Швеѓани градат фабрики за батерии вредни три милијарди долари

Швеѓани градат фабрики за батерии вредни три милијарди долари
Швеѓани градат фабрики за батерии вредни три милијарди долари

Northvolt, шведски производител на литиум-јон батерии и партнер на Volkswagen и BMW, обезбеди три милијарди долари за фабрики во Шведска и во Германија.

Шведскиот производител на батерии Northvolt обезбеди кредити во висина од 1,6 милијарда американски долари (1,36 милијарда евра), неопходни за масовното производство на батерии во своите идни фабрики. Кредитори се банки, пензионерски фондови и финансиски инситуции, вклучувајќи ја и Европската Инвестициска Банка, којашто учествува со 350 милиони долари.

Производителот на литиумски батерии преку кредити и продажба на акции обезбеди вкупно три милијарди долари. Со овие средства ќе се градат двете големи фабрики, во германскиот Залцгитер и во Скелефтеа, на северот на Шведска. Партнерот на Volkswagen и BMW ќе користи дел од овие средства за истражување и развој.

Northvolt во 2024 година ќе стартува со испорака на батериски ќелии во вредност од две милијарди евра за баварскиот производител на автомобили BMW. Овие батерии ќе се изработуваат во фабриката во Скелефтеа, којашто е во изградба. BMW сам ги монтира батериите за своите електрични автомобили, но одделните модули ги набавува од партнерите.

Шведската компанија соработува и со Volkswagen, во изградбата на фабрика во Залцгитер. Наспроти погоните во Скелефтеа, кои стартуваат со работа во 2021 година, германската фабрика ќе започне со производство во 2024 година.

Volkswagen вложува 450 мио. € во фабрика за батерии

Volkswagen вложува 450 мио € во фабрика за батерии
Volkswagen вложува 450 мио € во фабрика за батерии

Претходна објаваЕлектричната марка на Volvo почна со испорака на Polestar 2
Следна објаваВака изгледа спортската изведба Toyota Corolla Apex во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here