Вака изгледа спортската изведба Toyota Corolla Apex во САД

Вака изгледа спортската изведба Toyota Corolla Apex во САД
Вака изгледа спортската изведба Toyota Corolla Apex во САД

Во Toyota како да е сезона на изведување на спортски изведби од Corolla. По најавата за почетокот на продажбата на лимузинската GR Corolla во Европа, сега се јавува и американскиот огранок. Името на тамошниот спортист е Apex, моторот е дволитарски бензинец, ексклузивно ќе се изработат 120 примероци со мануелен менувач.

Љубителите на спортското возење и на марката Toyota на пазарот во САД добија на располагање специјален модел Corolla Apex Edition. Името е избрано според основниот поим на возењето по тркачка патека, односно по темето во свијокот, „apex“ на англиски.

Моторот е дволитарски бензинец Dynamic Force, познат меѓу другото и од RAV4. Неколку каросериски додатоци во сосем различен стил од европскиот „GR“ ставаат спортски нагласок на изгледот. Секако дека во пакетот е содржан и уникатен издувен систем, со соодветен звук.

https://photos.app.goo.gl/Djf6riLCt4Hc1j2E6

Toyota ќе произведе 6.000 примероци од Corolla Apex, главнината опремена со менувач CVT, со симулација на 10-степен секвенцијален менувач и со рачки на воланот. Соодветно за пазарот што веќе со децении е строго ориентиран на автоматски менувачи, Toyota ќе понуди и екстремно лимитирана серија од 120 примероци од Apex со мануелен 6-степен менувач во САД.

Подвозјето на Corolla Apex е посебно дотерувано на тркачката патека Хигаши-Фуци и на патеки во Аризона и Тексас

Посебен нагласок во изгледот ставаат деталите во бронзена боја. По желба, Corolla Apex ќе се испорача и со заден спојлер. Подвозјето е дотерано сосем различно од стандардната изведба, со обемни тест возења и фини зафати на патеката Хигаши-Фуџи во Јапонија, како и на тест-патеките во Аризона и во Тексас.

Уникатни пружини ја спуштаат каросеријата за 15 милиметри и работат во комбинација со посебни амортизери од фабричките. Стабилизаторите исто така се скрутени. Сите преправки го смалуваат страничното наведнување за 47% напред и за 33% назад. Бандажите од 18 инчи имаат специјална конструкција што го подобрува ладењето на сопирачките и полесни се за килограм по тркало.

https://photos.app.goo.gl/oWSG1umtdz5C9Nhq8

Дволитарскиот атмосферски мотор постигнува 169 КС при 6.600/min и вртежен момент од 205 њутнметри при 4.800/min. Според американската EPA-норма, просечната потрошувачка со менувач CVT изнесува 6,9 литри, односно 7,3 литри на сто километри со мануелен менувач.

https://www.youtube.com/watch?v=KdHfQreTISg

Претходна објаваШвеѓани градат фабрики за батерии вредни три милијарди долари
Следна објаваЖил Видал си замина од Peugeot, ќе дизајнира за Renault

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here