за

Електричната марка на Volvo почна со испорака на Polestar 2

Електричната марка на Volvo почна со испорака на Polestar 2

Polestar, марката на Volvo што е специјализирана за електрични возила, го испорача првиот примерок од Polestar 2, најдиректниот конкурент на Tesla Model 3. Моментно работат 14 салони на марката во Кина, Европа и Северна Америка, до крајот на годинава се планираат вкупно 50 салони.

Polestar денес го испорача првиот примерок од Polestar 2 во седиштето на компанијата во Гетеборг, Шведска. Спортската лимузина во боја на „гром“ е нарачана со црн вегански ентериер во изведба WeaveTech.

„Мојот Polestar 2 го нарачав уште во првиот ден по стартот на продажбата,“ изјави Стур Стенсон при преземањето на својот автомобил. „Ова е мојот прв електричен автомобил и на покривот на домот поставив соларни панели за едноставно полнење дома. Ги имам прочитано сите одлични рецензии во печатена форма и онлајн, и низ годините сум поседувал голем број нови автомобили, но оива е најголемиот момент досега.“

Електричната марка на Volvo го најави Polestar 2 во почетокот на 2019 година. Во услови на пандемија, компанијата работеше напорно да обезбеди старт на производството во фабриката во Лукијао, Кина, во март годинава.

Polestar воведува сосем нов начин на т.н. дигитална продажба на возила. Салоните што се водат под името Polestar Spaces ќе се отворат во главните градови на десетте пазари што се избрани за стартот, а 14 салони веќе се отворени во Кина, Европа и Северна Америка. Самото купување на возилото се одвива строго дигитални и директно во контакт со Polestar.

Во почетокот на август, првите примероци од Polestar 2 ќе пристигнат и до своите сопственици во Кина и Норвешка, потоа следат Германија, Белгија, Холандија и Велика Британија. Првите испораките ќе се комплетираат со Швајцарија и Северна Америка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Казна за погрешно паркирање во Келн се плаќа во супермаркет

Казна за погрешно паркирање во Келн се плаќа во супермаркет

Швеѓани градат фабрики за батерии вредни три милијарди долари

Швеѓани градат фабрики за батерии вредни три милијарди долари