Volkswagen вложува 450 мио. € во фабрика за батерии

Volkswagen вложува 450 мио € во фабрика за батерии

Заедничкото претпријатие на Volkswagen и на шведскиот производител на батерии Northvolt напредува. Германскиот концерн ја презема изградбата на заедничката фабрика и на инфраструктурата во близина на градот Залцгитер. „Northvolt Zwei“ претставува проширување на постоечкиот центар за батериски ќелии на Volkswagen, во рамките на фабриката за автомобили во градот. Инвестицијата на VW изнесува 450 милиони евра.

Од почетокот на 2024 година, разни компании што имаат потреба од литиум-јон батерии, ќе можат да нарачуваат нивна продукција во оваа фабрика. Годишниот капацитет на производство во почетокот е проектиран за батерии во вкупен капацитет од 16 гигаватчасови.

Volkswagen и шведскиот партнер Northvolt во септемви 2019 година основаа заедничка компанија, со цел да се постават темели за производство на литиум-јон батерии во Германија. Изградбата на фабриката и на инфраструктурата од страна на Volkswagen е следниот статешки чекор во оваа соработка. Градежните работи ќе започнат уште во текот на годинава.

Концернот Volkswagen има поставено неколку технолошки центри за производство на батериски ќелии ширум светот. Покрај тоа, воспоставени се стратешки врски со добавувачите, со цел да се обезбеди снабдување со батерии во сите региони во светот. За Европа, тоа се LG Chem, Samsung и SKI, додека CATL дополнително ја покрива Кина. Партнерот SKI ќе врши испорака на батерии за американскиот пазар. Само Volkswagen ќе има потреба од 150 гигаватчасови батерии за Европа во 2025 година, а исто толкав капацитет ќе биде потребен и за покривање на кинескиот пазар.

Volkswagen ID.3 ќе се продава со различни батерии и цени

volkswagen id3 vozenje

Претходна објаваМакпетрол ја обнови бензинската станица на влезот во Прилеп
Следна објаваМоже ли Peugeot 2008 да го преземе водството од Renault Captur?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here