за

Volkswagen ID.3 ќе се продава со различни батерии и цени

Volkswagen ID.3 батерија
Volkswagen ID.3 батерија

Volkswagen годинава започнува со производство на ID.3. Електричниот автомобил од компакт класата е прв член на моделското семејство ID. Батеријата ќе овозможува досег до 550 километри. Волфсбург гарантира дека батеријата ќе задржи 70% од првичниот капацитет и по осум години и 160.000 километри.

Сопствениот развој на батерии во Volkswagen започна во 2017 година и една од целите беше батеријата да го издржи целиот експлоатациски период на автомобилот. За разлика од постоечките e-Up и e-Golf, кај идните електрични автомобили ќе може да се избира меѓу неколку различни големини на батеријата. На тој начин ќе може да се понудат и моделски изведби со подостапна цена, во случај кога е доволна и помала батерија.

Техниката на Volkswagen ID.3 дозволува користење моќни полначи со 125 kW, со што значително се скусува полнењето – кога таков полнач е достапен во близина

Во зависност од батеријата и моделот, досегот ќе се движи меѓу 330 и 550 километри, според новата норма WLTP. Батериската техника дозволува користење полначи со 125 киловати моќност на полнење, што моментно не го нудат моделите во оваа класа. На овие полначи значително се скусува времетраењето на полнењето.

Претпоставката е дела половината од сите полнења ќе се вршат дома, а 20% на работа. Според тоа е кроена и програмата од т.н. ѕидни полначи. Тие може да се постават во рамките на домот или во компанијата и работат со моќност до 11 киловати. Оваа моќност е доволна за батеријата да се наполни преку ноќ.

https://photos.app.goo.gl/nUW1fGaxqc3MSQzZ6

Само една четвртина од полнењата се предвидува дека ќе се вршат на јавно достапните полначи, а пет проценти на автопатиштата. Во зависност од начинот на возење, растојанието од 800 километри од Торино до Париз, со ID.3 ќе може да се совлада со само две полнења на батеријата. Доколку постои брз полнач, тогаш енергија за 260 километри ќе може да се наполни за само 30 минути.

Volkswagen ќе постави 36.000 полначи ширум Европа

Volkswagen ID.R постави „електричен“ рекорд на Нирбургринг

Volkswagen се обезбеди со литиум за следните 10 години

Пет илјади дилери на Volkswagen на обука за електрични автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin Valhalla

Aston Martin Valhalla е „рајот за воините“

Ferrari_P80_C

Ferrari доаѓа со две премиери во Гудвуд