за

Land Rover повикува 150.000 возила во сервис

Freelander и Range Rover Evoque можат да издржат секакво малтретирање по терен, но имаат проблем да го задржат маслото во моторот.

Две моделски серии на британскиот специјалист за теренци мораат принудно да ги посетат сервисните работилници. Land Rover Freelander и Range Rover Evoque имаат проблем со системот за впрскување гориво во дизелските мотори, кој може да предизвика истекување на горивото. Во најлош случај може да се наталожи дизелско гориво под моторот. Возилата се произведени во периодот меѓу јануари 2012 и октомври 2013.

Интерната контрола утврдила можност за грешка при монтажата на возилата. Како последица од тоа, О-прстенот што се користел на приклучокот на повратниот вод за гориво може да излизга од лежиштето. Околу 150.000 возила од овие два модела што се продавани на сите пазари на марката низ светот мора да го посетат сервисот заради отстранување на пропустот. Во сервисите ќе се проверува дали истекува масло од моторот и во тој случај ќе се заменува О-прстенот и ќе се вградува нов модул за повратен вод на горивото. Целата постапка ќе трае помалку од десет минути.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

PEUGEOT EXALT: Французите спремаат луксузна лимузина за Кина

Binz по потреба ќе ви направи и Mercedes со 6 врати