за

Јагуар Ланд Ровер продолжува да бележи рекорден промет

ЈЛР продолжува да заздравува и веќе подолго време е во зоната на добивка. Новите модели носат нови рекорди во прометот.

Најпродаваниот модел во понудата на Јагуар Ланд Ровер: Дефендер.

Британскиот производител на автомобили ЈЛР, порано Јагуар Ланд Ровер, на најдобар пат е да ги достигне поставените цели за рентабилноста и приливот на готовина.

За маржата за деловната година 2023/24, што завршува на 31-ви март, се очекува дека ќе надмине осум проценти, соопшти ЈЛР денес.

Извршниот директор Адријан Мардел ја постави целта на најмалку шест проценти. „Поаѓаме од тоа дека оперативниот прилив на готовина до завршетокот на деловната година ќе покаже нето задолженост под една милијарда фунти, и во деловната 2025 година ќе овозможи позитивна нето ликвидност.“

Во завршениот трет квартал (октомври до завршетокот на декември) ЈЛР постигна рекорден промет во висина од 7,4 милијарди фунти. Тоа е за 22 проценти повеќе отколку во истиот квартал во минатата деловна година. Прометот за деветте месеци до 31-ви декември 2023 достигна 21,1 милијарди фунти. Тоа е највисокиот промет во првите девет месеци од деловна година, што ЈЛР го има постигнато во својата историјa.

Добивката пред даноци и непредвидени трошоци (ПБТ) во последниот квартал изнесуваше 627 милиони фунти. Тоа е највисока квартална добивка на ЈЛР во периодот од 2017 година до денес. Маржата изнесува 8,8 проценти и тоа е двојно повеќе во споредба со истиот квартал во минатата деловна година.

„Во третиот квартал постигнавме уште еден исклучителен финансиски резултат, со најдобрата квартална добивка во последните седум години и со највисок промет што воопшто го имаме постигнато за девет месеци во деловна година“, кажува извршниот директор Мардел.

За три месеци, Британците испорачаа 101.000 возила. Тоа е најдобриот резултат во последните единаесет квартали. Најпредаван е Дефендер со близу 28.000 примероци. Најголем раст во продажбата е забележан кај новиот Рејнџ Ровер Спорт, со 49 проценти повеќе возила во споредба со претходната деловна година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

ЈЛР се раководи според новата стратегија „Риимеџн“, којашто беше осмислена за да се надмине кризата по пандемијата. ЈЛР за пет години ќе вложи 15 милијарди фунти во електрификација и дигитална трансформација.

Дефендер во нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК · Технички податоци, опременост, цени, можност за споредба на сите нови модели на автомобили што се во понуда на македонскиот пазар

Land Rover Defender 90 D200 AWD S

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оваа брза станица за полнење ЕВ сама си произведува струја од биоетанол

Концернот на Пежо и Фиат ќе произведува електромотори во Унгарија