Концернот Стелантис ќе ја ангажира дополнително фабриката во Унгарија за да произведува електрични погонски модули, покрај фабриките во Франција и Индијана.
Со вложувањето 103 милиони евра во фабриката во Сентготард, Унгарија, концернот Стелантис продолжува со трансформацијата на своите фабрики, кон производство на електрични автомобили и компоненти за нив. Тоа е предвидено во стратешкиот план „храбро напред“ со рок до 2030 година.
Производството на електрични погонски модули во Сентготард, најзападниот унгарски град, близу границата со Австрија, треба да отпочне кон завршетокот на 2026 година.
Инвестицијата од 103 милиони евра во Сентготард, вклучувајќи ги грантовите и придонесите од унгарската влада е најнов пример дека концернот продолжува со истата брзина кон електричната иднина.
Електрични погонски единици во моментов се произведуваат во Тремери-Мец, Франција, и во Кокомо, во американската сојузна држава Индијана. Стелантис од своето седиште во Амстердам денес објави и дека уште годинава ќе го зголеми производството на електрифицирани менувачи со двојна спојка во фабриката во Мирафиори, Италија. Овие менувачи се користат во моделите од марките на Стелантис со благ хибриден и приклучен хибриден погон.
„Оваа инвестиција значи дека Унгарија ќе добие посилна улога придонесувајќи автомобилската индустрија да се префрли на електричен погон,“ кажа министерот Петер Сијарто.
Унгарските електромотори, односно цели погонски единици, ќе се вградуваат во идните модели на Стелантис, што се конструирани врз СТЛА-платформата. Нема потреба од дополнителни градби, затоа што електричните погонски модули ќе се произведуваат во истите хали со класичните мотори. Модулот се состои од три компоненти, односно од електромотор, редуктор и инвертер.
Automaker Stellantis is to invest 45 billion forints (EUR 116.2m) in moving the “key element” of its electromobility strategy to Hungary, securing the future of the Opel plant in Szentgotthárd, in western Hungary. https://t.co/Zzb840WsYg
— About Hungary (@abouthungary) February 13, 2024
Во Сенгтотард во моментов се произведуваат 1,2-литарските и 1,6-литарските турбо-бензинци, што се вградуваат во марките Пежо, Фиат, и во останатите марки на концернот со 14 марки.
Стелантис вложува преку 50 милијарди евра во електрификација, со цел до 2030 година да прерасне во производител исклучиво на возила со електричен погон во Европа, односно производител со 50 проценти удел на електрични возила во САД.
















