за

Lada Niva останува во производство до 2021 година

Рускиот теренец се произведува уште од 1977 година и упорно не се предава. Првично се планираше Niva да добие наследник во 2017 година, но тој ќе мора да почека малку подолго.

Рускиот автомобил со цврст карактер на непопуштање на современите трендови во браншата уште постигнува солидни бројки во продажбата. Но, евтината конкуренција напаѓа веќе со години и плановите за наследникот веќе се во тек. Овие планови сепак ќе мора да бидат одложени уште на одреден период.

Производителот Avtovaz уште решава на која платформа ќе биде базиран идниот 4×4, како што моментно се нарекува моделот што во светот се прослави како Niva. Поради тоа, новата генерација на цврстиот теренец на Lada ќе мора да почека до 2012 година. Дотогаш Lada 4×4 повремено ќе добива освежувања во техниката и опремата.

На домашниот пазар, Niva се нуди со 1,7-литарски бензинец, со кого теренецот забрзува до сто за 17 секунди и постигнува крајна брзина од 142 km/h. Наскоро овој мотор ќе се замени со поновиот 1,6-литарски бензинец со 98 КС, кој веќе се вградува во моделот Priora. Со тоа делумно ќе се реши најголемиот проблем на Lada 4×4, потрошувачката на гориво.

lada niva ent

Актуелниот мотор според фабричките норми троши просечно 9,7 литри гориво, а во реалноста најмалку половина повеќе. Промените во подвозјето се однесуваат првенствено на воведувањето на електронска контрола на блокадата на средишниот диференцијал, како и со промена на геометријата на предните водилки.

Надворешноста на Niva нема да се менува значително, но затоа ќе има повеќе новитети во кабината. Списокот на опции ќе се дополни со клима уред и канали за воздух до задната клупа, греење на седиштата, како и со електрика на ретровизорите и на прозорците. Кокпитот исто така ќе се освежи. Цената на актуелниот модел на рускиот пазар изнесува околу 7.400 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Twingo повторно ќе биде ѕвезда на автомобилската сцена

Десетгодишен возач во Норвешка: „Не сум дете, јас сум џуџе“