за ,

Renault Twingo повторно ќе биде ѕвезда на автомобилската сцена

По огромната утка со претходната генерација, креативната француска марка конечно го нуди тоа што се очекува од неа. Новиот Twingo во сé е различен и во сé е подобар од стариот.

Renault направи сé да биде поразлично во новата генерација на градското мини Twingo. Најголемата техничка промена е во поставувањето на моторот над задната оска. Причината за тоа е користењето на заедничка платформа со идниот Smart Forfour, од новиот партнер на Французите, Daimler. Од истата причина идниот Twingo ќе има и четири, место две врати како претходникот. Премиерата на моделот е на салонот во Женева, а цената на основниот модел се очекува да биде под 10.000 евра.

Изгледот на новата генерација нема ништо заедничко со конвенционално дизајнираниот и здодевен претходник. Нема заеднички црти ниту со легендарниот Twingo од првата генерација, автомобилот што го сакаше и младо и старо, и женско и машко. Главниот дизајнер Лоренс ван ден Акер за изгледот на новиот Twingo се раководеше според култниот Renault 5, но познавачите со добро око во него ќе препознаат и неколку стилски елементи од Fiat 500.

Исто како италијанскиот конкурент, кој на пазарот сепак е позициониран како скап ретромобил, новиот Twingo има куса хауба и топчеста кабина, со задни врати што не се воочуваат поради тоа што рачките се сокриени во задните столбови. Вградувањето на моторот над задната оска овозможува превисите на каросеријата да бидат исклучително куси, што дополнително придонесува каросеријата да изгледа уште посимпатично. Носот е во препознатливиот стил на моделското семејство на Renault, со голем ромб со средината на маската, додека одзади има стаклен капак.

Подеталните технички податоци ќе бидат познати дури по салонската премиера на 6-ти март, но нешто се знае упте сега. Исто како кај моделскиот брат Smart Fortwo, за погон ќе се користат трицилиндарски бензинци со моќност до 80 КС и потрошувачка под четири литри. За подоцна се планира и спортска верзија Gordini со повеќе од 100 КС. Верзија со две врати или со покуса каросерија не се планира, тој сегмент ќе остане резервиран за идната генеација на Smart Fortwo, кој ќе се појави наесен, заедно со четириседот и моделски брат на Twingo, Smart Forfour.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Франција е најголем пазар за електрични автомобили во Европа

Lada Niva останува во производство до 2021 година