за ,

Франција е најголем пазар за електрични автомобили во Европа

2. RENAULT ZOE, продадени примероци 8,359 –

Француската авто индустрија стартуваше рано со производство на автомобили со погон на струја. Со 8.779 електромобили продадени за шест месеци лани, Франција е број еден во Европа.

Најголемиот пазар за автомобили со погон на струја во Европа е Франција. Во првите шест месеци во минатата година, на францускиот пазар се регистрирани 8.779 автомобили и товарни возила со погон на струја. Најпродавана марка е Renault, со 6.000 возила, пред Nissan со 5.500 и Smart со 1.500 возила. Статистиката за втората половина од годината може да покаже уште поголема бројка на продажба.

Во Германија, како најголем пазар за автомобили во Европа, во истиот период се продадоа околу 3.000 возила, додека на третото место е Норвешка со 2.500 возила со погон на струја.

Големата предност на француската држава во поглед на електричниот погон произлегува меѓу другото и од фактот што Renault, како најголем производител на автомобили во земјата, уште рано се приклучи на трендот на погон на струја. Renault веќе четири електромобили во редовната понуда на модели, почнувајќи од градскиот автомобил Zoe, преку квадрициклот Twizy и доставниот Kangoo, до компактната лимузина Fluence.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Калифорнискиот Urb-E: Електричен велосипед од куфер

Renault Twingo повторно ќе биде ѕвезда на автомобилската сцена