за

Десетгодишен возач во Норвешка: „Не сум дете, јас сум џуџе“

Дете од Норвешка излетало од патот со украден автомобил. Кога пристигнале полицајците, тоа се обидувало да ги убеди дека е со мал раст и дека ја заборавило возачката дозвола дома.

Откако го ослободиле возилото заглавено во снежниот навев, норвешките полицајци доживеале случка што ќе ја помнат цел живот – и ќе се смеат. Десетгодишно дете од Норвешка посакало во шест часот наутро да ги посети неговите дедо и баба. Тоа ги украло клучевите од возилото на неговите родители, ја понел со себе и 18-месечната сестра на совозачкото седиште, го запалил моторот и тргнал на пат. Но, патиштата во близина на Дока, место оддалечено околу 110 километри северно од Осло, биле прекриени со снег. По десетина километри, детето возач излетало од патот и возилото се забило во снегот.

Во меѓувреме се разбудиле и родителите. Тие забележале дека нивните деца не се дома, дека возилото не е пред куќа, по што веднаш се јавиле во полиција. Загрижените родители се сомневале во кражба, не помислувајќи дека нивните деца се тргнати на семејна средба. За среќа, децата брзо биле пронајдени.

Прво на местото на незгодата пристигнало возило за расчистување на патот. Детето им објаснувало на возачот на камионот и на полицијата што пристигнала неколку минути подоцна „Не сум дете, јас сум џуџе.“ Возачката дозвола наводно ја заборавило дома.

Десетгодишниот бегалец не успеал да ги убеди полицајците, кои ги вратиле децата дома. Поради тоа што никој не е повреден и не е предизвикана поголема материјална штета, полицијата ќе го „заборави“ случајот. Родителите сепак добиле совет во иднина повеќе да внимаваат на клучевите од автомобилот и на децата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lada Niva останува во производство до 2021 година

BMW против Mercedes: Сега и Баварците имаат класа В