за

24 милиони евра за колекцијата автомобили на Џејмс Бонд

Колите се најважен реквизит на тајниот агент 007. Еден американски милијардер ја продава колекцијата од филмски автомобили на Џејмс Бонд. Цената е прифатлива.

Доколку Џејмс Бонд ги собирал сите возила што ги возел во неговата долгогодишна кариера како таен агент, неговата колекција ќе изгледаше слично како оваа на Мајкл Дезер. Американскиот бизнисмен ја поседува најголемата приватна збирка на автомобили на 007, почнувајќи од Aston Martin DB5 од „Златно око“, преку Lotus S1 од „Шпионот што ме сакаше“, до Land Rover Defender од „Небесен пад“. Дезер поседува точно 60 оригинални возила од филмовите за Џејмс Бонд и сега реши да ги понуди на продажба.

Американецот бара 24 милиони евра за целата колекција, што е мошне пристојна цена кога ќе се земат во предвид бројот на возила и нивната историја. Таа содржи автомобили за сечиј вкус и џеб. За невпечатливо возење по улиците одговара жолтиот Citroen 2CV од „Во смртоносна мисија“. За елегантен настап во планинските предели се препорачува Aston Martin V8. Има нешто и за љубителите на грубото теренско возење – руски тенк Т55 од „Златно око“.

Збирката од екстравагантни филмски реквизити се продава само целосно. Дезер сака колекцијата да се задржи во оригиналната состојба. Автомобилите на Бонд моментно се наоѓаат во Мајами, во музејот за автомобили на милијардерот, кој направи огромно богатство со трговија со недвижнини. Во истиот музеј се наоѓаат и други познати оригинални возила од филмската историја, меѓу кои и „Херби“, возилото на семејството Кременковци и службениот автомобил на „Истерувачите на духови“.

Мајкл дезер доаѓа, гледа и купува

Додека повеќето други колекционери ја создаваат својата збирка долги години и најчесто се посветуваат на одредена марка, модел или тема, Мајкл Дезер се интересира првенствено за квантитетот. Тој поседува повеќе од 1.500 возила, од кои само еден дел се појавиле на филмското платно.

Американскиот милијардер може да си дозволи неговите соништа да се остварат во еден потег. Таков беше случајот со автомобилите на 007. Целата армада до пред три години се наоѓаше во музејот на Џејмс Бонд во британскиот Кесвик. Тогашниот сопственик решил да се збогува со својата вредна колекција и контактирал со Дезер. Во следното утро милијардерот пристигнал со приватен авион, ја купил целата колекција и уште истата вечер се вратил во Америка.

Назад во татковината

Во меѓувреме Дезер ја збогатил колекцијата со уште неколку филмски автомобили, меѓу кои Land Rover и Audi од послениот филм „Небесен пад“, како и со Volga од „Октопуси“. Исто толку брзо како што ја купи збирката, Дезер сега и ќе се откаже од неа. Тој смета дека колекцијата не го привлекува заслуженото внимание во Мајами и затоа сака да ја врати во Европа, во „родниот крај“ на Џејмс Бонд.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германските автомобили имаат најмалку дефекти според Dekra

Cross Tourer: Citroen се сети дека го има моделот C5